08:21 - 7 ноември, 2026

(Фото) Ким Кардашијан критикувана за изборот на облека за свадбата на синот на индискиот милионер: „Црвено носи само невестата…“

43-годишната американска инфлуенсерка и бизнисменка Ким Кардашијан беше критикувана за нејзината облека на свадбата на синот на индискиот милијардее Амбани. За ова пишува „Page Six“.

Корисниците на Инстаграм ја критикуваа Ким Кардашијан што носела црвен сексапилен фустан не еднаш, туку двапати, за време на раскошната тридневна венчавка на синот на индискиот милијардер Анант Амбани и Радика Мерчант која се случуваше во Мумбаи, Индија. Критиките беа насочени кон тоа дека таква нијанса обично се избира само за индиските невести.

Ким продефилира во два различни црвени изгледи за прославите, носејќи црвена лехега за време на церемонијата и уште еден храбар црвен изглед со долг превез.

Ким допатува на „свадбата на векот“ во Мумбаи со нејзината сестра Клои.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)

„Индија ми го украде моето срце“, напиша Ким.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)

Во неделата Ким носеше луксузна креација на Гаурав Гупта. Поранешната сопруга на Канје Вест покажа стотици карати накит од Лорејн Шварц, вклучувајќи дијаманти, смарагди и неверојатно парче со огромен дијамантски ланец од 70 карати кој се протега од нејзиното уво до прстенот на носот.

„Јас сум Мексиканец, па дури и јас знам дека не треба да носиш црвено на индиска свадба“, „Не треба да носиш црвено на индиска свадба, зашто цррвената боја е резервирана само за невестата“, „Ова воопшто не е индиски стил, изгледа чудно“, пишуваат корисниците на социјалните мрежи во коментарите.

 

Слични објави

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.
Се вчитува....