06:48 - 18 август, 2026

(Фото) Канје Вест со гол задник во Венеција: „Не ни треба ова ѓубре во Италија“

Канје Вест и неговата сопруга Бјанка Сенсори влегоа во објективите на папараците додека се возеа со такси на вода по каналите во Венеција. Фотографиите ги објави Page Six.

46-годишниот Канје Вест и неговата сопруга 28-годишната Бјанка Ценсори продолжуваат да одмараат во Италија. Најпрво ја посетија Фиренца, а пред некој ден пристигнаа во Венеција, каде папараците ги фотографираа додека пловеа по каналите на градот со водно такси. Бјанка беше облечена во сив кожен капут, а Канје Вест во црна јакна и панталони. Лесно беше забележливо  дека раперот седел во водното такси бил со спуштени панталони, под кои немало долна облека.

На почетокот на август, Италијанците изразија незадоволство од „голите“ модни комбинации на Бјанка Ценсори. Прво сопругата на Канје Вест беше видена на улиците во Фиренца во црн градник и тесни хеланки, а потоа излезе во јавност во проѕирни хулахопки и разголено боди. Жителите на Фиренца ги нарекоа облеките на Ценсори „непочитување“ и „вулгарни“, по што ја повикаа двојката да ја напушти земјата.

На Твитер некои корисници напишаа дека парот не ги почитува Италијанците ако вака шетаат по улиците.

„Што е работата со Канје, оди бос по улиците на Италија, како е тоа воопшто можно“, „Не ни треба ова ѓубре во Италија“, „Многу големо непочитување кон другите луѓе е да излегуваат надвор речиси голи“, напишаа дел од корисниците на социјалните мрежи.

Слични објави

(Фото) Манекенката Иларија Кирилов го покажа виткото тело во бикини

Еспресо

И роденденот не може да ѝ помине без драма! Карлеуша отвори нов Инстаграм на полноќ, собра 10.000 следбеници, а потоа повторно го изгуби профилот!

Еспресо

(Фото) „Ноќ ми те дугује“ ја напишал за неа: На црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Сараево прошета првата љубов на Здравко Чолиќ 

Еспресо

(Фото) „Седум години подоцна, на исто место, побогата за две деца“: Ана Севиќ ужива на одмор на Миконос

Еспресо

(Фото) „17 долги, болни и тешки месеци“: Ана Костадиновска со емотивна објава за Сара и колегите од „ДНК“

Еспресо

(Видео) Сенида била нападната во клуб во Хрватска – ја гаѓале на сцената, пејачката барала помош од обезбедувањето

Еспресо
Се вчитува....