01:45 - 8 ноември, 2026

(Фото) Калтрина Круезиу уживаше во Трпејца – со синот веслаа на суп-даска и ги сподели магичните зајдисонца

Професорката по солфеж и инфлуенсерка Калтрина Круезиу изминатите денови престојуваше во Трпејца, каде што помина семеен одмор со својот син Уран и најблиските.

На социјалните мрежи таа објави фотографии и видеа од престојот, покажувајќи дел од моментите поминати покрај Охридското Езеро. Најголемо внимание привлече снимката на која со синот уживаат на суп-даска, додека заедно го истражуваат езерото.

Фото: Инстаграм

Круезиу сподели и емотивна порака посветена на Уран, нарекувајќи го својата најголема љубов, а во објавите се појавија и нејзините внуки, кои исто така биле дел од семејниот викенд.

Освен семејните моменти, Калтрина преку фотографиите ја долови и убавината на Трпејца. Таа објави кадри од тесните улички, традиционалната архитектура и погледите кон Охридското Езеро, уште еднаш истакнувајќи ја привлечноста на ова туристичко место, кое со години важи за едно од најживописните во Македонија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaltrina Kryeziu (@kaltrinakryeziu__)


Слободното време го искористи и за релаксација на плажа, сончање и читање книга, а не ги пропушти ниту зајдисонцата по кои Трпејца е особено препознатлива во летниот период. Објавите на Круезиу добија бројни позитивни реакции од нејзините следбеници, кои ги пофалија природните убавини на охридскиот крај, како и семејната атмосфера што ја сподели.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....