20:24 - 3 ноември, 2026

(Фото) „Каква вечер…“: Тамара Тодевска се сретна со Маријана и Росана, со нив ја сними првата песна на 6 години!

Македонската пејачка Тамара Тодевска помина вечер во друштво на легендарните сестри Маријана и Росана, а нивната средба разбуди убави спомени од нејзините први музички чекори. Со кратка порака на социјалните мрежи, Тамара воедно навести дека можеби се подготвува и нешто ново.

Таа објави заедничка фотографија со Маријана и Росана и напиша:

„Каква вечер… со моите Маријана & Росана. #staytuned“.


Токму хаштагот „stay tuned“, односно „останете со нас“, предизвика љубопитност и го отвори прашањето дали трите пејачки можеби подготвуваат заедничко музичко изненадување.

Нивната средба има посебна симболика за Тодевска. Таа имаше само шест години кога за првпат настапи на „Макфест“, токму на сцената со Маријана и Росана, кои во тоа време беа меѓу најголемите ѕвезди на македонската музичка сцена.

На својот прв настап Тамара се потсети и во 2019 година, кога по неколкугодишна пауза повторно се врати на „Макфест“, овојпат во ревијалниот дел. Тогаш сподели стара фотографија со сестрите и се присети дека пред настапот Зерина Цокоја ја прашала дали има трема, а шестгодишната Тамара одговорила: „Што е тоа трема?“.

Маријана и Росана беа едно од најпрепознатливите музички дуа на домашната сцена во осумдесеттите и почетокот на деведесеттите години, а зад себе оставија песни како „Признавам“ и „Едно срце имам“. Тамара подоцна ја изведуваше „Признавам“, а на свој концерт во 2013 година ја отпеа заедно со сестра ѝ Тијана Дапчевиќ.

Маријана Новачевска повеќе од три децении живее во Австралија, а летово повторно престојува во Македонија. Нејзиното враќање донесе и музичко обединување со Росана – сестрите по долга пауза повторно влегоа во студио и заедно со Дац и Александар ја снимија песната „Засекогаш млади“.

Слични објави

Ханка Палдум се прости од Мишо Ковач: „И покрај сите животни предизвици, остана ист, наша легендо, почивај во мир“

Еспресо

Солзи и аплаузи на промоцијата на „Дом“: Давид Темелков ги расплака Владо Јовановски и Марија Кондовска

apostolova

(Видео) Има само 15 и пол години, а веќе е на големата сцена: Тамара Грујеска успешно дебитираше на „Макфест“

Еспресо

Милица Тодоровиќ ја откри причината зошто таткото на детето се криел: „Мајка ми ми рече дека така е најдобро“

Еспресо

Дани Димитровска го посети синот Лазар во Холандија: Сакав да биде независен, да научи да живее далеку од мене

Еспресо

Бугарскиот крал на фолкот како Спајдермен — Азис ги изненади следбениците за Ноќта на вештерките

E.A.
Се вчитува....