21:23 - 3 ноември, 2026

Дa не си бремена? — По новата објава на Ела Дворник веднаш започнаа шпекулациите

Ела Дворник (35), една од најпопуларните хрватски инфлуенсерки, се огласи на Инстаграм по паузата од социјалните мрежи, а нејзините следбеници веднаш започнаа со бројни претпоставки во коментарите.

За повеќе од половина милион нејзини следбеници не помина незабележано тоа што неколку дена ја немаше на мрежите, каде што најчесто е секојдневно активна. Преку Инстаграм стори таа делумно објасни зошто ја снемало:

„Преживувам многу убави нешта деновиве, па заборавив на Инстаграм. Се надевам дека сте добро“, напиша Ела покрај селфито, по што еден од следбениците веднаш искоментира: „Да не си бремена?“

Ела е мајка на две ќерки — Бали Ди (8) и Луми Рен (6), кои ги доби во бракот со Чарлс Пирс. Двојката веќе неколку години е во процес на развод и има поделено старателство.

И покрај шпекулациите, инфлуенсерката во минатото јасно даде до знаење дека нема намера повторно да раѓа:

„Важно ми е мојот иден партнер да не сака деца, бидејќи јас на никого повеќе не планирам да му раѓам“, изјави таа кон крајот на 2024 година за хрватските медиуми.

Во меѓувреме, Ела пронајде нов партнер чиј идентитет вешто го крие од јавноста и на социјалните мрежи го ословува само со надимакот „Мештар“.

Слични објави

(Фото) Голема прослава во домот на Тијана Богичевиќ: Цеца веднаш ѝ испрати честитка

Еспресо

„Жената не е ничија сопственост“: Вики Чадиковска остро реагираше на изјавите на Петар Богојески за машкиот надзор

К.С.

Ханка Палдум се прости од Мишо Ковач: „И покрај сите животни предизвици, остана ист, наша легендо, почивај во мир“

Еспресо

Солзи и аплаузи на промоцијата на „Дом“: Давид Темелков ги расплака Владо Јовановски и Марија Кондовска

apostolova

(Видео) Има само 15 и пол години, а веќе е на големата сцена: Тамара Грујеска успешно дебитираше на „Макфест“

Еспресо

Милица Тодоровиќ ја откри причината зошто таткото на детето се криел: „Мајка ми ми рече дека така е најдобро“

Еспресо
Се вчитува....