19:38 - 10 ноември, 2026

(ФОТО) ИСТОРИСКИ МОМЕНТ: Првиот геј маж на насловната страница на „Плејбој“

Бретман Рок

Инфлуенсерот Бретман Рок е првиот геј маж кој се појави на насловната страница на списанието „Плејбој“.

Списанието на својот официјален инстаграм-профил објави како изгледа најновата дигитална насловна страница со Бретман.

Инфлуенсерот позира во корсет, хулахопки и чевли со високи потпетици. Тој исто така носи црна машничка, бели манжетни и „зајачки“ уши и опашка во стилот на естетиката на ова списание.

View this post on Instagram

A post shared by Playboy (@playboy)

„Ова е историски момент“, „Би го ставил ова во рамка“, „Ова е предобро“, „Многу сум среќен за ова“, „Една од најсекси нештата што ги видов денес“, „Ова е победа за нас“, „Апсолутно те поддржувам“, „Ги смени правилата и го отвори патот за многу други“, беа само дел од коментарите од следбениците на Бретман под објавата.

Но, имаше и такви кои очигледно не се воодушевени од неговиот изглед и генерално од новата насловна страница на популарното списание.

„Каде отиде овој свет…“, „Зошто мажите проклето сакаат да бидат жени?“, „Хју Хефнер се превртува в гроб“, „Што е ова?“, „Последниот пат кога проверив, „Плејбој“ беше за хетеросексуални мажи. Лоша одлука“, се само некои од негативните коментари.

Инаку, Бретман стана познат по своите видеа за шминкање. Има повеќе од 17 милиони следбеници на „Инстаграм“, а „Тајм“ во 2017 година го прогласи за еден од 30-те највлијателни тинејџери. Пред две години, тој беше на насловната страница на списанието „Геј Тајмс“.

Бретман, исто така, лансираше и своја линија за убавина и имаше свое шоу на „Ем-Ти-Ви“. Покрај тоа, Рок стана и активист за ЛГБТИ заедницата.

Тој е третиот човек кој сам се појавува на насловната страница на „Плејбој“. Пред него, се појави само основачот на списанието, Хју Хефнер во 2017 година, што беше еден вид чест по неговата смрт. Музичарот Бeд Бани минатата година се појави на дигиталната насловна страница на Плејбој.

Слични објави

Ѓина Џиновиќ со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина: „Ти си мојот најголем пример…“

apostolova

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.
Се вчитува....