4.8 C
Скопје
07:33 - 20 октомври, 2026

(Фото) Имала сериозно нарушено здравје: Ивона Јо си ја отвори душата за операцијата

Ивона Јо имала големи здравствени проблеми пред операцијата на желудникот, за кои пејачката сосема искрено проговори.

Во поткастот „Естраден лексикон“ со Марио Арангеловски, тој ја праша како реагира на коментарите: „Еве ја, направи операција и пак е дебела“, на што пејачката одговори:

– Решив да не отворам коментари кои мене нема да ми служат, и тоа ми е школа“.

Потоа водителот ја праша:

– Се сликаш со 150 килограми и викаш: „Сакајте се себеси какви што сте“. Се сликаш по два месеца со 80 килограми. Дали си мирна со тие коментари денес, а како ти било тогаш? Затоа што јас знам дека не ти било сеедно.

Ивона Јо пре операцијата Фото/ Фејсбук

– Во тој момент многу ме болеше и од овој аспект сум благодарна што ме болело затоа што таквите моменти најчесто знаа да помогнат да освестиш други сегменти кај себе. Од овој аспект сум пресреќна затоа што навистина можам да кажам дека не отворам.

Како сум реагирала порано? Многу болело, и со некои последици сѐ уште се соочувам. Тоа е моја одлука. Јас одлучив гласно да зборувам: „Сакај се себеси, еј ти жено, еј ти девојко“.

Фото / Инстаграм

Тоа е моја одлука, и јас го носев тоа дури можев да го носам. Јас таа операција да не ја направев, ќе бев на многу тешки таблети. Кога дојдоа кај мене со ласерот за вадење на желудникот ми рекоа дека сум пред шеќер, пред таблети за маснотија, пред сѐ.

Сега моментално сум во тотално здравје, со претходно еден циклус годишно, сега имам 12 циклуси, без полицистични јајчници, без шеќер.

Како сега тоа изгледа на камера, тоа е веќе работа на тренер, моја работа. Знам која сум и што сум, конечно по 23 години – рече Ивона Јо.

Слични објави

(Фото) Уна Чолиќ не штеди на накит – носи златно ланче од 3.300 евра

Еспресо

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.
Се вчитува....