29 C
Скопје
12:38 - 16 јуни, 2026

(ФОТО) ИДНАТА АДВОКАТКА КИМ КАРДАШИЈАН: Прослави со фотосесија

ким кардашијан

Ким Кардашијан одамна се обидува да зачекори во татковите стапки и да стане адвокат, но три пати беше неуспешна во полагање на правниот испит.

По три неуспешни обиди во две години да го положи првиот од двата испити кои се неопходни за да може да се занимава со право, конечно го положи „невозможниот“ тест и е чекор поблиску до можната адвокатска професија во Калифорнија.

ким
фото: инстаграм

Кардашијан откри дека го положила испитот при четвртиот обид во објавата на „Инстаграм“.

„Гледајќи се во огледало, навистина сум горда на жената што ја гледам во одразот“

За секој кој не го знае моето искуство со правниот факултет, знајте дека ова не беше лесно и не ми беше дадено на дланка. Паднав на овој испит 3 пати во 2 години, но секој пат се враќав и учев понапорно и се обидував повторно додека не го направив тоа!!! (Имав ковид на третиот обид и треска, но не се оправдувам), напиша Ким и продолжи:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian)

– Во Калифорнија, како што јас учам право, треба да полагате 2 правосудни испити, ова беше само првиот, но со потешка стапка на полагање. Врвни адвокати ми кажаа дека ова беше речиси невозможно патување и потешко од традиционалната патека на правниот факултет, но тоа беше мојата единствена опција и се чувствувам толку добро што сум тука и на мојот пат кон постигнување на целите.

Таа во долгата порака им се заблагодари на сите кои ѝ помогнале и ѝ биле поддршка во учењето и надоградувањето.

– Знам дека татко ми би бил толку горд и тој всушност би бил толку шокиран кога би знаел дека ова е мојот пат сега, но тој би бил мојот најдобар партнер за учење. Ми кажале дека бил озлогласен по шегување со луѓето кои не го положиле испитот на првиот обид како НЕГО, но тој би бил мојот најголем навивач!

Во крајна линија, никогаш не се откажувајте дури и кога се држите за конец, можете да го направите тоа!!!!! Наместете го вашиот ум и завршете го затоа што ќе се чувствувате многу добро кога ќе стигнете на другата страна!, стои во објавата на идната адвокатка Ким Кардашијан.

ким
фото: инстаграм

Таа доби лавина од коментари и честитки за нејзниот успех.

(ВИДЕО+ФОТО) ОФИЦИЈАЛНО Е: Ким Кардашијан и Пит Дејвидсон се во врска

Слични објави

Астропрогноза за лето 2026: Еден знак ќе ја пронајде љубовта, а друг ќе си го смени животот од корен

Т.Ц.

Српскиот „Дон Жуан“ на 46 години се ожени во тајност и доби дете

Еспресо

Ема Радујко заврши на суд – колега тврди дека му должи 4.500 евра

Еспресо

Денес воодушевува со својот вокал, но малкумина знаат дека Теа порано работела како автомеханичарка

Т.Ц.

„Мојот сопруг не е Супермен!“: српската инфлуенсерка која е во брак со голманот на Курасао остро им се обрати на „хејтерите“

Т.Ц.

Сузана Манчиќ ќе стане баба! Најпознатата „лото девојка“ во регионот не ја крие среќата: „Пресреќна сум!“

Еспресо
Се вчитува....