16:47 - 7 ноември, 2026

(Фото) Хрватски министер тешко повреден: Одел на лов кога се судрил со комбе

Хрватскиот министер за одбрана Марио Баножиќ се здобил со тешки повреди на главата во сообраќајна несреќа во саботата наутро, во која едно лице загина.

Директорот на Општата болница во Винковац, каде што првично бил згрижен Баножиќ, за ХРТ изјави дека по примарната здравствена помош, министерот ќе биде префрлен во КБЦ Осиек на одделението за интензивна нега.

„Поради потреба од натамошно неврохируршко следење, тој ќе биде префрлен во Клиничката болница во Осиек, на одделението за интензивна нега. Има потреба од неврохируршки надзор. Немаме неврохирургија во општата жупанска болница, па поради повреди на главата од контузија ќе биде префрлен таму поради потреба од дополнителен надзор и опсервација. Инаку, господинот Баножиќ е свесен. Има повреди од контузија на главата и мозокот, но велам дека е во контакт, не изгубил свест“, изјави директорот на болницата во Винковац, пренесуваат хрватските медиуми.

Портпаролот на хрватската влада Марко Милиќ соопшти дека министерот за одбрана има тешки физички повреди, но дека неговиот живот е надвор од животна опасност.

Слични објави

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.
Се вчитува....