19:22 - 7 ноември, 2026

(Фото) Елена од „Сител“ во костим за капење како на Памела Андерсон: Во ваква егзотика ужива

Елена Стојановска-Јанковска ги објави своите најсексапилни слики досега, во костим за капење сличен како на Памела Андерсон, на едно многу егзотично место.

Фото / Инстаграм

Убавата водителка на утринската програма на ТВ „Сител“ ужива на Малдивите и секоја фотографија која ја објави на Инстаграм е посебна приказна. На едната Елена се подготвува за нуркање.

Фото / Инстаграм

Потоа, таа уживала и и во сурфањето, во возењето велосиед, а на секоја слика изгледа прекрасно и е во посебна модна комбинација соодветна за на плажа. Во една прилика, Елена ја раскажа својата љубовна приказна со сопругот за „Слободен печат“.

Фото / Инстаграм

– Работев во МС телевизија, го гледав одвреме-навреме и мислев дека доаѓа на гости. Го сретнав на журка на Таламаска, транс-музика чинам беше и на излегување го видов…

Се поздравивме, му кажав дека го знам од телевизија, но тој не ми кажа дека ми е колега. Следниот понеделник ми кажаа колегите на работа, но веќе беше доцна, јас бев вљубена. За среќа, и тој.

Во ништо не сме слични. Ние веројатно сме од оние парови кај кои спротивностите се привлекуваат. Јас сум плашлива од сѐ, тој е авантурист. Јас сум во облаци, тој е стабилен.

Тој има многу убави особини, но јас ја обожавам неговата сигурност во себе и тоа што нема никаква потреба да се докажува никому. Најубавата особина, пак, му е таа што е многу грижлив и посветен кон мене и Илина – рече Елена.

Слични објави

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо
Се вчитува....