04:29 - 28 ноември, 2026

(Фото) Двоен повод за славење кај нашиот познат музичар, татко на четири деца

Музичарот Горан Папаз кој е татко на четири деца има двоен повод за славење и тоа го објави на социјалните мрежи.
Првиот е Нова година, а вториот е роденденот на неговите деца, тројката која сопругата ги роди пред една година.
-365 дена поминаа… одиме понатаму! Татини пиленца мои, здрави и најсакани да бидете цел живот.
Ве сакам до Плутон и назад! Мајка ви е исто така многу убава, и многу ја сакам.  СРЕЌЕН РОДЕНДЕН души мои!“, напиша саксофонистот. Тој од првиот брак има син.
Фото / Фејсбук
-Прво видоа 2, па по една седмица 3 бебиња и нема да ги заборавам зборовите на Горан во тој момент, секако тазе шокиран од веста: ‘Докторе, можно е на следен преглед да се четири или тоа е тоа, а докторот само му потврди дека случајот е веќе затворен’ изјави Наташа Атанасовска, сопругата на Папаз за „Црно-бело“.

Тој на социјалните мрежи објави дека неговата сопругата која е адвокат е бремена со тројки. Во објавата, музичарот напиша дека иако велат дека шансите за природна тројка се 1 на 10.000, тие победиле.

„Го решив проблемот со барање музичари за бенд“, се пошегува Горан Папаз.

 

Слични објави

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо
Се вчитува....