08:38 - 7 април, 2026

(ФОТО) ДРУГ СВЕТ: Како изгледа појадокот во Јапонија, Нигерија и Јужна Африка

појадок 3

Појадокот кај нас знае да биде бурек или кифла со јогурт за тие што се „на нозе“ или класичните јајца или можеби ретро: леб со мед, путер и чаша чај. Но, остатокот од светот практикува со друг тип на храна да си го почне денот.

Јапонија

Мисо супа, ориз и печена риба

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @adabonne25

За луѓето што живеат на оваа страна на светот, типичниот појадок во Јапонија може да изгледа посоодветен за различно време од денот, да речеме ручек или вечера. Мисо супа, бел ориз, лосос на скара, нори, нато (ферментирана соја) и малку салата или кисел зеленчук, обично се појавуваат за појадок во Јапонија.

Нигерија

Косаи

Во Нигерија и други делови на Западна Африка, пржени колачи од грав или пржени косаи се омилениот избор за појадок. Направени се од шарен грав, зачинет со кромид, сушено чили и свежи црвени чили пиперки, а потоа се пржени во масло. Такви се уживаат и како улична храна.

Јужна Африка

Путу Пап

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lurinda Venter (@lurinda_v)

Путу пап е каша направена со пченкарно брашно и вода зготвени заедно за да формираат сува и мека текстура. Путу пап исто така познат како „krummelpap“, што значи „ронлива текстура“, често се јаде со млеко и шеќер за појадок и се комбинира со повеќе солени јадења во текот на денот.

Слични објави

Хороскоп за 7 април: Раковите носат важна одлука од срце, Водолиите прават чекор кон слобода

Еспресо

Дара Бубамара за хејтерите: „Не смеат да ти кажат во лице, па зборуваат зад грб“

Еспресо

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.
Се вчитува....