03:16 - 10 ноември, 2026

(Фото) „Џорџина е на страната на Пике“: Важен детаљ што ги убеди фановите дека партнерката на Роналдо е против Шакира

Џорџина Родригез се уште се навикнува на животот во Саудиска Арабија, каде Кристијано Роналдо сега игра за Ал Наср по дебелиот договор што го потпиша со клубот.

Своите искуства ги споделува со своите следбеници на социјалните мрежи, од кои многумина во нејзината последна објава се осврнаа на деталите, поточно на нејзиниот часовник.

Таа сподели објава на Инстаграм со повеќе фотографии, покажувајќи како го поминала денот, но и рекламирајќи бренд за јога.

„Благодарам на сите неверојатни луѓе што ги запознав денес, таков прекрасен работен ден“, напиша таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

Интересното во објавата е детаљот, односно фактот, што манекенката е видена како носи часовник Casio.

инстаграм

За овој бренд на часовници сите почнаа зборуваа кога Шакира ја објави својата „BZRP Music Sessions #53“ со Бизарап, во која удри по нејзиниот поранешен партнер Жерар Пике.

Во песната имаше една реплика во која Колумбијката се осврна на тоа дека Пике ја оставил за манекенката Клара Чиа со зборовите „како да менуваш Ролекс за Касио“.

Дали овој гест на Џорџина Родригез значи дека таа застана на страната на Пике против Шакира?
Сега, многу од следбениците на Џорџина Родригез веруваат дека нејзината одлука да позира со часовникот Casio не е случајна.

„Очигледно таа го поддржува Пике“, се огласија бројни фанови кои исто така автоматски заклучија дека Џорџија е и против Шакира.

Но, можеби станува збор само за спонзорство од Касио, бренд кој манекенката го рекламира, како што рекламира на својот Инстаграм профил и бројни други брендови. Во прилог на ова оди и фотографијата од 2020 година кога таа исто така носеше Касио, далеку пред да се појави хит песната на Шакира.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Superwatchman (@superwatchman)

Како и да е, новите фотографии кои ги сподели Џорџина собраа – врерувале или не – над 4 милиони и триста „лајкчиња“.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....