01:29 - 12 ноември, 2026

(Фото) Џони Деп се дружи со фановите пред концертот во Офенбах; Џеф Бек:„Со векови не сум сретнал креативен партнер како Деп“

Популарниот глумец, веројатно најпопуларен во светот по судењето со поранешната сопруга Амбер Херд, се сретна и подружи со своите фанови пред концертот во Офенбах, Хесен, Германија. Премногу гужва и обожаватели на Деп, за град кој брои 117.559 жители.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Carina Brede (@bredecarina)

Џони Деп најде моменти надвор од својот „кнап“ распоред за да ги поздрави фановите кои го чекаа неговото пристигнување во градот пред концертниот настап со Џеф Бек во Германија во четврток попладне.

Стоејќи пред „Штадтале Офенбах“ во покраината Хесен, актерот (59) со широка насмевка се поздрави со обожавателите и се фотографираше со нив, се шегуваше, делеше автограми…

За дневното излегување, ѕвездата на Пиратите од Карибите носеше сива маичка со карирана кошула и лесна сива јакна. Деп го дополни својот моден изглед со пар очила за сонце со трендовски сини стакла.

Ѕвездата подоцна настапи на сцената со Бек (78), со кого е на турнеја низ Европа во последните неколку недели.

Минатиот месец Деп и Бек го најавија нивниот претстоен албум насловен 18, кој треба да излезе на 15 јули.

Дуото објави и официјално музичко видео за нивниот прв сингл од новиот албум, „Ова е песна за госпоѓицата Хеди Ламар“. Деп претходно го најави објавувањето на песната на Инстаграм.

„Извонредна чест е да свирам и пишувам музика со Џеф, еден од вистинските великани и некој што сега сум доволно привилегиран да го наречам брат“, рече актерот.

„Со векови немам друг креативен партнер како него“, додаде Бек за Деп. „Тој беше моторната сила на овој албум“. Британскиот музичар се пошегува: „Само се надевам дека луѓето ќе го сфатат сериозно како музичар бидејќи на некои им е тешко да прифатат дека Џони Деп може да пее рокенрол“.

Слични објави

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.

Слобода Миќаловиќ за тајната на 17-годишниот брак со Војин Ќетковиќ: „Луѓето денес го изгубија смислот за љубов, приматот го зедоа парите и социјалните мрежи“

Е.А.

Битка за вилата вредна 1,7 милиони евра – Николина Пишек мора да му исплати стотици илјади евра на свекорот Миша Гроф

Еспресо

(Фото) Семејно бегство на северот на Европа: Жељко Бебек со сопругата и ќерката во посебна авантура

Еспресо

„Многу сум си горда на себе“ — Јелена Спенџарска од Брисел за трудот и критиките зад објавите на Инстаграм

К.С.

Додека ужива со 70-годишниот милионер, Мелина Џиновиќ откри дали планира трето дете

Еспресо
Се вчитува....