02:10 - 8 ноември, 2026

(Фото) Боба и Фрау Елза заедно на црвен тепих: Вака изгледаат легендите од „Жикина династија“ денес

Владимир Петровиќ и Весна Чипчиќ, познати како Боба Павловиќ и фрау Елза во популарниот филм „Жикина династија“ се појавија заедно на црвен тепих во Белград, со посебен повод.

Станува збор за премиерата на филмот „Враќањето на Жикина династија“ која се одржа вчера во Сава центар во Белград. На Инстаграм се објавени снимки од сите актери како пристигнуваат на црвениот тепих, а Петровиќ и Чипчиќ добија голем аплауз.

Фото / Инстаграм

Владимир Петровиќ се врати во улогата на Боба Павловиќ, таткото на Миша Павловиќ кој го игра Никола Којо. Боба во легендарните серија и филмови од 1980-тите беше син на Жика Павловиќ и на Дара, а Весна Чипчиќ која ја глумеше Германката Елза беше негова маќеа.

Правнуците на легендарните ликови, Жика Павловиќ и Милан Тодоровиќ се во фокусот на новиот филм, кои се викаат по нивните покојни прадедовци. Тие се синови на Миша (Никола Којо) и на Наташа (Гала Виденовиќ). Новиот Жика го игра Никола Брун, а Милан го игра Гаврило Иванковиќ. Во една од главните улоги е манекенката и водителка Данијела Димитровска.

Фото / Јутјуб принтксрин

Марија, како и во претходните филмови, требаше да ја игра Риалда Кадриќ, која ненадејно почина пред снимањето на серијата која беше планирана за јануари 2021, па овој лик не се појавува во филмот. Инаку, режисер на филмот кој од 11 декември ќе игра во Скопје е Милан Коњевиќ, а сценарист е Милена Марковиќ.

Фото / Инстаграм

 

 

 

 

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....