16:17 - 30 јануари, 2026

(Фото) Анџелина Џоли во шопинг со синот кој „бега“ од јавност: Убавина наследена од мама

Ретка фотографија на Анџелина Џоли и нејзиниот син Нокс, кои се „уловени“ заедно на шопинг.

Глумицата и нејзиниот син Нокс се фотографирани во Лос Анџелес, како излегуваат од продавница за домашни миленичиња, а Нокс изгледаше повисок од Џоли и според многумина – израснал во убаво момче.

Џоли и Нокс ги оставаа своите набавки во багажникот на нивниот автомобил. Џоли носеше елегантни црни панталони, сако и бела кошула. Косата ѝ е пуштена и брановидна, а изгледот го заокружи со очила за сонце. Нокс пак, беше облечен во кремаста маичка, црни шорцеви и „најк“ патики.

Нокс (15) е едно од децата на Џоли и Бред Пит и се чини дека ја цени својата приватност, ретко се појавува на фотографии. Ова е еден од првите моменти оваа година кога е „уловен“ од папараците. Последен пат беше фотографиран во декември минатата година кога заедно со неговата сестра близначка Вивиен присуствуваа на отворањето на Atelier Jolie, модната продавница на Џоли во Њујорк.

Во текот на изминатата година, Вивиен Џоли ѝ се придружи на нејзината мајка на различни ангажмани поврзани со „The Outsiders“, претстава поставена на Бродвеј на која работеа заедно. Додека Џоли беше еден од продуцентите на претставата и составен дел во финансирањето и развојот на проектот, Вивиен беше асистент и ѝ даваше на мајка си предлози кои помогнаа да се обликува претставата. За нејзиниот брат-близнак Нокс пак, малку се знае какви интереси засега има и со што сака да се занимава во иднина.

Слични објави

(Фото) Ален Исламовиќ годишно заработува 50.000 евра само од ова: Вака изгледа луксузната вила со базен, тениско игралиште и плантажа со лешници

Еспресо

Душица Јаковљевиќ потврди дека Мина и Каспер влегуваат во „Задруга 9 Елита“: Откри детали за нивната врска зад камерите

Еспресо

(Фото) Зорана доби луксузен автомобил од вереникот: Вака изгледаше изненадувањето во Мајами!

Еспресо

(Фото) Прослава во семејството Гудељ: Балони, конфети и емотивна порака – „Избрав пат што никогаш не би го менувал!“

Еспресо

(Фото) Како грчка божица: Нина Бадриќ ги остави сите без здив во бел свилен фустан

Еспресо

Едита Арадиновиќ има здравствени тегоби во бременоста: „Сѐ ме снајде, само уште вода во колената немам“

Еспресо
Се вчитува....