22.5 C
Скопје
06:41 - 22 јуни, 2026

Дури и ним им е тешко со себе: Три најтешки хороскопски знаци 

Астролозите ги именуваа трите најтешки знаци на Зодијакот. Со нив е многу тешко да се биде и важно е да се најде вистинскиот пристап.

Еве кои се на астролистата.

Скорпија
Скорпијата е еден од најтешките знаци. Само погледнете го неговиот темперамент и љубомора, што може многу да ја исплаши неподготвената личност која  во нивна близина. Што да се каже –  дури и нивниот поглед ги оддалечува луѓето од нив од страв зашто кога вашите очи ќе се судрат со оние на Скорпијата, веднаш почнувате да чувствувате некаков притисок. Се разбира, тие не се „ѓаволи“ но  со тоа што ќе се согласите на блиска врска со овој знак, веќе треба добро однапред да разберете на што се нафаќате. Многу е тешко и важно да се најде вистинскиот пристап до нив.

Риби
Никој не би помислил дека на оваа листа ќе се најдат романтичните и меки Риби. Но, факт е дека Рибите, како последен знак од Зодијако, го комплетираат хороскопскиот круг и затоа ги имаат карактеристиките на сите знаци одеднаш. Тие се огнени како Овен, магнетски како Шкорпија, чудни како Водолија, љубопитни како Близнаци и сензуални како Ракот. Се чини дека овој знак има неколку личности во себе кои можат да бидат во конфликт една со друга. Што можеме да кажеме, ако самите Риби не можат да се разберат себеси, тогаш како можат другите да ги разберат?

Водолија
Отпрвин, со нивната непредвидливост и независност се многу привлечни, а се чини дека тоа е нивната најголема карактеристика. Но, порано или подоцна Водолијата почнува да ги гледа луѓето како закана за нејзината слобода, па може да се повлече некое време или да почне да се бунтува против границите што вие се обидувате да ѝ ги поставите. Никогаш не знаете што мисли, што чувствува и каква идеја ќе ѝ падне на памет утре, бидејќи Водолијата е навикната сето тоа да го крие во себе.

(Фото) Дрејк, Адел,100 готвачи и по 10 илјади долари подарок за секој гостин: Детали за свадбата на најбогатиот младоженец во Индија

Слични објави

Лидија Вукиќевиќ по долго време проговори за партнерот: „Никогаш не дозволив во мојата куќа да влезе некој со кого ќе си легнам во кревет“

E.A.

Бидете уникатни – подарете рачно изработени свеќи инспирирани од убавината на природата

Еспресо

Погребана мајката на Бајага  — jа преживеа голготата во Јасеновац, а музичарот само еднаш проговори за тие стравоти

E.A.

Неделен хороскоп од 21 до 28 јуни: Рибите ќе имаат одлична динамика во љубовниот живот, Биковите ги очекува авантура

Т.Ц.

Мајката на Нина Бадриќ со коментар за Јаков Јозиновиќ: „Не можеш ни да замислиш што му значи ова…“

E.A.

„Најгорда сум на светот“: Јована Јеремиќ влезе во рингот кај Тигарот и му посвети емотивна порака

E.A.
Се вчитува....