23:10 - 24 септември, 2026

(Фото) Анастасија пресреќна слави, ѝ се обрати на Цеца и ѝ порача: Ти благодарам…

Анастасија Ражнатовиќ испрати емотивни зборови до својата мајка, Светлана Цеца Ражнатовиќ, која денеска го слави 53-тиот роденден.

Таа објави семејна фотографија од минатото на Инстаграм од себе и Вељко и прво ѝ се обрати на шпански јазик:

– Се чувствувам толку одлично поради тебе, и дури и да се обидам, не би можела без тебе. Целата моја среќа е благодарение на тебе, и ако умрам, ќе се вратам по тебе.

 


– Здраво мамо! Денеска те славиме тебе и денот кога дојде на овој свет и сакам да ти се заблагодарам за неколку работи: Ти благодарам за сè што направи за нас. Ти благодарам што секогаш си збор на поддршка, а не на осуда. Ти благодарам што жртвуваше толку многу и од твојата младост и животот поради нас. Ти благодарам што секогаш нè ставаше на приоритет дури и ако тоа значеше дека страдаше. Ти благодарам за секоја грижа, непроспиена ноќ и несебична љубов што ни ја даваш од денот кога дојдовме на овој свет. Ти благодарам што нè научи на вистинските вредности и што израснавме во луѓе какви што сме денес.

– Ви благодариме што секогаш нè насочувате кон верата и Бога. Ви благодариме за сè што сте, сте биле и ќе бидете. Со нетрпение ја очекувам секоја нова фаза од животот што нè очекува затоа што е среќа да го поминеме овој живот заедно со вас! Те сакам засекогаш и сакам секогаш да бидеш среќна, а твојата ќерка е секогаш тука за тебе, го знаеш тоа! Среќен роденден, мамо! – напиша Анастасија.

По овој повод, нејзините пријатели, соработници и колеги ѝ приењдија изненадување. Тие тајно снимија видеочеститки со кои денеска ја израдуваа Ражнатовиќ, која сè покажа јавно на своите  инстаграм-приказни.

 

Слични објави

„Јас малку постара и поопасна, му го свртев умот“: Карлеуша проговори откако беше фатена во друштво на помлад маж

Еспресо

(Фото) Ќерката на Хелена Роза стана мајка — на девојчето му дадоа необично име со прекрасно значење

Еспресо

Стави ботокс на 22 години – Ѓина Џиновиќ позираше разголена, но сите гледаа во нејзиното лице

Еспресо

(Фото) Северина откри каде отпатувала на одмор и со кого ужива

apostolova

„Сакам да ја почувствувам магијата на татковството“: Саша Ковачевиќ сака да присуствува на раѓањето на својот син

Еспресо

Трагедија во семејството на Мирослав Илиќ: Се удави неговиот братучед, се огласи пејачот скршен од болка

Еспресо
Се вчитува....