24.7 C
Скопје
08:06 - 4 јули, 2026

Рики Мартин слета во Србија: Обожавателите воодушевени, го чекаат со нетрпение

Светската латино ѕвезда Рики Мартин пристигна во Србија, а на социјалните мрежи веќе се појавија првите фотографии што сведочат за неговиот престој во Белград.

Рики Мартин долета во Белград, бидејќи ќе одржи концерт на 16 јуни.

Интернет веднаш беше преплавен со фотографии и коментари на воодушевување што многумина ќе имаат можност да ја видат големата ѕвезда во живо.

Сè е подготвено за музичкиот настан на годината, а Белград повторно се позиционираше како центар на светските музички настани.

Да потсетиме, Рики Мартин пееше за Денот на независноста на Црна Гора, а во текот на настапот на светската музичка ѕвезда се случи инцидент кога беше фрлен солзавец во публиката. Рики Мартин по инцидентот се огласи на Инстаграм и истакна дека сè уште е под импресии.

– Црна Гора, ќе изберам да се сетам само на неверојатната енергија што ја почувствував од сите вас. Публика толку топла и љубовна. Заедно ја прославивме музиката, културата и секако вашата независност. Сè уште сум под импресии од таа прекрасна вечер што настапував за вас. Ви благодарам многу за поканата, ви испраќам многу љубов и дефинитивно ќе се вратам – напиша неодамна Рики Мартин на Инстаграм.

Црногорската полиција го бараше лицето кое фрли солзавец на концертот на латино ѕвездата Рики Мартин на централниот плоштад во Подгорица по повод Денот на независноста.

Солзавецот предизвика паника кај граѓаните и концертот беше накратко прекинат, но набрзо продолжи.

– Синоќа околу 23 часот, рачен солзавец беше активиран во близина на сцената, што предизвика кратка паника кај граѓаните. Концертот набрзо продолжи. Припадници на секторот за криминалистичка полиција фотографираа, откривајќи дел од споменатиот солзавец кој беше пронајден во близина на сцената. Лицето кое го фрли солзавецот ќе биде пронајдено наскоро“, изјави Милан Делиќ, раководител на ОКЦ, објавија медиумите во Подгорица.

Слични објави

Хороскоп за 4 јули: Раковите ќе живеат од љубов, Лавовите ќе бидат пофалени на работа

Еспресо

Македонскиот пејач доби чест што ја добиваат ретки: Васил Гарванлиев настапи во чест на „Битлси“

Еспресо

Татко ми е мојот херој: Синот на Перо Камиказа раскажа важна приказна за познатиот музичар

Еспресо

Десингерица се огласи пред финалето на „Ѕвездите на Пинк“: Испрати порака до гледачите

Еспресо

(Фото) Ивана Кнол во црвен градник и со „хрватска вратоврска“ ги бодреше огнените на Светското првенство

apostolova

(Фото) Стојне Николова во „жешко“ издание на плажа, сите погледи се кон неа

Еспресо
Се вчитува....