14:35 - 17 април, 2026

(Фото) Ана Николиќ со ќерката и Рале отишле во манастир: Стајлингот на пејачката предизвика бурни реакции на социјалните мрежи

Ана Николиќ најрадосниот христијански празник го поминала на свето место заедно со ќерката Тара. Пејачката уживала со својата миленичка, па споделила неколку фотографии, како и видео на кое ѝ помага да намести престилка.

Сепак, како и многупати досега, дел од вниманието на објавата го привлекле и други детали, поради кои дел од корисниците повторно ја критикувале.

Ана за посета на црква избрала црно долго здолниште и сако, со марама на главата, но и необични папучи. Меѓутоа, најмногу реакции предизвикале мрежестите чорапи што ги носела, кои биле особено впечатливи.

„Зар така во црква?“, „Ниту светото не ѝ е свето“, „Ова не е црква, туку клуб“, „Ужасно, а таа е со ќерката“, се ределе коментари на социјалните мрежи.

Имало и такви кои ја бранеле, наведувајќи дека секој има право на свој избор и дека треба да ја остават на мир.

Пејачката Ана Николиќ споделила и топол семеен момент во пресрет на Велигден, каде со партнерот Горан Рале Ратковиќ и ќерката Тара фарбале јајца и ја украсувале празничната трпеза.

Во домот владеела празнична атмосфера, а посебно внимание привлекла малата Тара, која активно учествувала во подготовките.

Слични објави

Душко Тошиќ има нова девојка? Виден е во ресторан со атрактивна русокоса која наликува на Карлеуша

Еспресо

Емотивно испраќање: Татјана Лазаревска сподели приказна за мајка си

Еспресо

Почина пејачот Саша Катанчиќ – поранешен учесничк во „Фарма“ и „Ѕвездите на Гранд“

Еспресо

Шокантен потег – еве што направи Ѓина Џиновиќ пред свадбата на мајка ѝ

Еспресо

(Фото) „Тага за загубеното“: Стојне Николова се појави во тренди фустан, фановите ја искритикуваа

Еспресо

Српскиот пејач Марко Булат приведен во полиција поради пријава од сопругата за семејно насилство

Еспресо
Се вчитува....