22:38 - 9 ноември, 2026

(Фото) Алберт и Шарлен од Монако слават 11 години брак (меѓу светлина и сенки)

На 2 јули 2011 година, златниот ерген од Палатата Грималди се ожени со поранешната јужноафриканска пливачка. Изгледаше како бајка, но од почетокот не недостигаа озборувања. Денеска Алеберт и Шарлен слават со нова официјална фотографија и се обидуваат да ги замолчат непрестојните гласини за разделба.

Нова фотографија од парот, направена во градините на Палата Грималди е споделена преку социјалните мрежи: Алберто и Шарлен од Монако се држат за раце и се насмевнуваат пред објективот на фотографот Ерик Матон, кој ги овековечи во официјалната снимка објавена за да ја прослави нивната единаесетгодишнина на бракот.

Ниту еден од нив нема широка насмевка (а на лошите јазици нема да им треба многу време за да го истакнат ова), но сепак, ова е уште еден обид на светот да му покажат дека и покрај се, тие се заедно.

Во моментов се знае дека Алберт и Шарлен се фокусираат на нивната врска и на своето семејство, за да ги избркаат муабетите од последните месеци, кога завршија во ќорсокак на озборувањата за наводната криза во бркот, па дури и за нов милионски брачен договор според кој таа е „платена за да се појавува во негово друштво во официјални прилики“.

Шарлен беше долго време отсутна од Кнежеството, остана во Јужна Африка поради отоларинголошка инфекција што ја спречи да се врати во Монако повеќе месеци. Поранешната пливачка го пропушти и јубилејот од десетгодишнината од бракот, а потоа и многу други настани. Оваа пролет конечно се случи враќањето дома,  на задоволство на Алберто и двете деца, Жак и Габриела, 7 години, кои најмногу страдале поради оддалеченоста од нивната мајка.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....