06:43 - 10 ноември, 2026

(Фото) Ал Пачино раскажа како реагирал на бременоста на 29-годишната Нур: „Имам многу деца, но ова е друго…“

83-годишниот Ал Пачино првпат ја коментираше бременоста на својата 29-годишна девојка Нур Алфала, пренесува „Дејли меил“.

Во видеото кое го објави Дејли Мејл, 83-годишниот Ал Пачино на новинарот му раскажува како реагирал на веста дека наскоро ќе стане татко по четврти пат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Etalk (@etalkctv)

„Ова е многу посебен настан. Отсекогаш било така. Имам многу деца. Но, ова е навистина посебно зашто доаѓа во овој момент“, рече актерот.

Ал Пачино истакна дека се уште не го знае полот на нероденото дете, но се радува на неговото раѓање.

Ал Пачино со својата изјава ги демантираше гласините дека наводно барал Нур Алфалах да направи тест за татковство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Noor (@nooralfallah)

На 30 мај, ТМЗ објави дека саканата на 83-годишниот Ал Пачино, 29-годишната Нур Алфалах, е бремена во осмиот месец. Детето, чиј пол парот сè уште не го открил, ќе биде прво за неа, а четврто за него. Неоженетиот актер ја има ќерката Џулија Марија (33) со професорката по глума Јана Тарант и близнаците Антон Џејмс и Оливија Роуз (22) со актерката Беверли Д’Анџело.

Претходно беше објавено дека 83-годишниот Ал Пачино бил многу изненаден кога дознал за бременоста на 29-годишна љубовница.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....