05:16 - 7 ноември, 2026

(ФОТО) АЛ ПАЧИНО „ФАТЕН“ СО БИВШАТА НА МИК ЏЕГЕР: Таа е 53 години помлада, но… љубовта нема граници

Холивудскиот актер Ал Пачино е виден како излегува од ресторанот „Феликс“, откако бил на луксузна вечера со 28-годишната Нур Алфалах во Калифорнија, која претходно ја поврзуваа со Клинт Иствуд и со Мик Џегер.

Откако уживале во италијанската кујна, влегле заедно во автомобилот.

Претходно Нур изјави дека „луѓето коментирале“ за нејзината мината врска со Џегер, но таа „не жали за ништо“, туку има „многу убави спомени“ од тој период.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Noor (@nooralfallah)

„Разлика во годините не ми значеше ништо. Срцето не прашува за години, само знае што чувствува. Тоа беше мојата прва сериозна врска и бев многу среќна, изјави во една прилика убавата бринета и откри дека Мик Џегер е во „одлична форма“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Noor (@nooralfallah)

Што се однесува до Ал Пачино, 81-годишниот глумец има долга листа на поранешни љубови, но никогаш не се оженил. Десет години бил во врска со аргентинската актерка Лусила Сола, чија ќерка Камила Мороне е во врска со Леонардо Дикаприо. Бил во врска и со Дајан Китон, Џил Клејбург, Пенелопе Ен Милер, Кетлин Квинлан и Линдал Хобс. Таткото на три деца ги одгледа и 21-годишните близнаци Оливија и Антон заедно со поранешната партнерка Беверли Д’Анџело, со која беше во врска седум години, а раскинаа во 2003 година. Тој има и 32-годишна ќерка со неговата поранешна учителка по глума, Јан Тарант.

Дали меѓу него и младата Нур ќе се роди љубов или тоа е само пријателство, останува да видиме.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alpacino (@alpacino40)

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....