9.8 C
Скопје
14:43 - 31 март, 2026

Еве што работи Биба Додева во Хрватска и под кое презиме е успешна во работата

Во април во 2022 година, пејачката и  тогашна претседателка на здружението „Борка“, Биба Додева се омажи за нејзиниот партнер Срѓан Шрепфлер. Оттогаш, Биба живее со него во Загреб и послабо е активна во музиката, но малкумина знаат што таа работи сега.

На Инстаграм профилот на невладината организација „Европа Дона Албанија“ која ги застапува интересите на жените во врска со превенцијата и заштитата од рак на дојка пред здравствените институции е објавена слика од Биба.

Таа ќе биде говорник на конференција во нивна организација, и претставена е како високо искусен менаџер на проекти, застапник на пациенти и консултант со над 18 години експертиза во развој на здравствени проекти, лидерство, застапување на правата на пациентите и имплементација на глобални здравствени стратегии.

„Како говорник и тренер на национални и меѓународни форуми, Биба ги засилува гласовите на пациентите со рак, поттикнува меѓусекторска соработка и неуморно работи за зајакнување на здравствените системи и застапувањето на пациентите со главен фокус на Централна и Источна Европа и Балканот“, пишува на објавата.

Она што е интересно е што Биба не е напишано нејзиниото презиме Додева, туку презимето на нејзиниот сопруг, Шрепфлер, а Биба е претставник од Хрватска, каде што живее последниве години. Како и да е, се гледа дека таа и понатаму неуморно работи во корист на превенција од ракот кај жените и е доста успешна во тоа, како и претходно.

Слични објави

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin
Се вчитува....