21:07 - 1 ноември, 2026

Емотивна посвета на водителот Марко за сопругата и децата, ова е важната порака од неговата Цена

Марко Новески беше познат како „Марко дај побрзај“, а нашиот водител сега има нов прекар, Марко- „Листа за триста“ по квизот кој го води. Тој важи за една од нашите најпозитивни јавни личности, неговата девиза на социјалните мрежи е „шириме позитива“.

Марко се ожени во време кога пандемијата уште не беше завршена, во 2021 година. Познатиот македонски водител стапи во брак со саканата Цена Плавевска во Скопје.

Парот го изговори судбоносното „ДА“ во уникатна облека. И двајцата носеа жолто-бела модна кобинација со старки.
Минатата година во април, Марко и Цена станаа родители на близнаци. „Добредојдовте Вања и Веда“, напиша водителот тогаш до фотографијата од новородените близначиња. Тој сега не пропушта да сподели утринско видео со своите најмили.
Фото: Инстаграм принтскрин
Како посветен татко, Марко секое утро ги носи децата во градинка, заедно ги шетаат милениците, и не заборава на сите да им посака да имаат убав ден.
Марко сподели едно многу емотивно видео со своите близнаци, и неговата сопруга. Шетајќи се низ Охрид, тој ги снимаше близнаците и сопругата и рече дека таа ги учи на едно многу важно нешто, секогаш да се држат за раце додека одат.
Фото: Инстаграм принтскрин

Слични објави

Мажите открија кој дел од женското тело им е неочекувано привлечен — не се градите, ниту задникот

К.С.

(Фото) Борко Ристовски прослави 10 години љубов со сопругата Нина: „Секогаш ќе бидам тука за тебе“

К.С.

„Намерно треснав сума што е нереална дури и за Реал Мадрид“: Воја Недељковиќ откри како преговарал за хонорарот во Ѕвездите на Гранд

Т.Ц.

Сè потешко спиеме добро — научниците откриваат што ни го нарушува сонот и зошто проблемот не е само во нас

К.С.

„Ти беше феномен“: Јосипа Лисац со трогателна посвета се прости од Мишо Ковач

К.С.

„Го видов на насловните страници и се заљубив“ – Како започнала љубовната приказна на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ

Т.Ц.
Се вчитува....