16.8 C
Скопје
13:55 - 18 октомври, 2026

Емотивна исповед на Азис кој откри неверојатни детали од детството: Роден во затвор, а првото име му било Станислав

Азис е нов член на жирито во шоуто „Како две капки вода“, каде привлече внимание и симпатии со својот настап и смисла за хумор. Неговата баба Станка, позната како јасновидка, уште од мал му предвидела голема слава и верувала во неговиот талент.

Таа тврдела дека уште како дете покажувал музички дар, особено кога пеел народни песни. Азис денес тагува по неа, но ја памети како голема поддршка во животот.

Пејачот не крие дека е роден во затвор во Сливен во 1978 година, бидејќи неговата мајка била осудена за нелегална трговија. По раѓањето веднаш бил одвоен од неа и пренесен во детско одделение.

Интересно е што првично бил запишан под името Станислав, по неговите баби, а подоцна го добил името Васил. Тој отворено зборува за тешкото детство и сложените семејни односи.

Азис вели дека бил непосакувано дете, а неговите родители доаѓале од различни и спротивставени семејства. Музиката му била во крвта, бидејќи дел од семејството на татко му биле музичари.

Почнал да пее уште на четиригодишна возраст, инспириран од филмови и семејната атмосфера. Иако често бил одбиван на почетокот, неговата мајка го учела да не се откажува, а како изгледал во тоа време можете да видите ТУКА.

Првиот албум го издал во 1999 година, по што брзо станал препознатлив на сцената. Денес важи за една од најконтроверзните, но и најуспешни поп-фолк ѕвезди.

Тој е татко на две деца и често истакнува дека мајка му е негова најголем животна подршка.

Слични објави

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.

Кристина Арнаудова и Александар наскоро слават 20 години брак: Заедно отсекогаш и засекогаш

Еспресо

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо

Приказната зад култниот хит „Селма“ на Бијело Дугме крие невозвратена љубов и еден скршен прозорец на железничка станица

Е.А.

(Фото) Како да е принц – Анастасија Ражнатовиќ го покажа гламурот во кој спие нејзиниот син Илијан

Еспресо

Дневен хороскоп за 18 октомври: Овни, одвојте повеќе време за одмор

Еспресо
Се вчитува....