14:48 - 27 ноември, 2026

Емина Јаховиќ во друштво на угледен француски милионер – неговата модна империја се проценува на повеќе од 550 милиони евра.

Емина Јаховиќ повторно успеа да крене голема прашина на социјалните мрежи и да ја изненади јавноста со најновите објави.

Пејачката на својот профил на Инстаграм сподели серија фотографии на кои ужива во друштво на најблиските членови на семејството, меѓу кои била и нејзината сестра Сабина. Сепак, еден детаљ од фотографиите веднаш го вжешти интернетот и стана главна тема на разговор.

Емина блескаше во тесен, припиен фустан кој ја истакнуваше нејзината совршена линија, а стајлингот го надополни со големи обетки и сончеви очила. Сепак, сите погледи беа насочени кон мажот кој стоеше веднаш до неа.

На изненадување на многумина, во друштво на Емина на забавата се нашол никој друг туку Симон Порт Жакмис, познатиот француски моден дизајнер и основач на еден од највлијателните светски брендови „Jacquemus“, пишува српски „Информер“.

Неговото богатство се проценува на огромни суми, додека вредноста на неговата модна империја се проценува на повеќе од 550 милиони евра.

„Жакмис е во градот!“, кратко напишала Емина во описот на фотографијата, со што предизвикала лавина коментари.

Слични објави

Војаж за првпат сподели заеднички фотографии со свршеницата по раѓањето на детето: Уживаат на зимски одмор во Франција

Е.А.

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.
Се вчитува....