22:12 - 6 ноември, 2026

Музички подарок за Скопје: Александар Тарабунов ја оживеа „Прва љубов“, песната што во 1973 година ја отпеа неговиот татко

Пејачот и кантавтор Александар Тарабунов – Тара ја оживеа песната „Прва љубов“, која во 1973 година на Скопскиот фестивал ја испеа неговиот татко Ванчо Тарабунов. Песната е објавена вчера (26 јули) на одбележување на годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година.

„Оваа песна е поклон за мојот град Скопје, за градот што нè научи дека и по најголемите урнатини може повторно да се роди живот, надеж и љубов.“ – напиша Тарабунов на Инстаграм.

Идејата за оваа преработка се родила сосема спонтано. Додека преслушувал стари албуми од својот татко, Александар Тарабунов ја открил „Прва љубов“ и веднаш почувствувал дека оваа песна заслужува повторно да биде слушната и од новите генерации.

-Песната ја отпеа мојот татко во 1973 година, на Скопскиот фестивал, напишана е од големиот Драган Ѓаконовски – Шпато, а денес, со многу љубов и почит, ја оживуваме повторно за сите што го сакаат градот Скопје.
За Скопје… кое секогаш наоѓа начин повторно да засвети.
Верувам дека „Прва љубов“ ќе разбуди некое убаво чувство во сите вас – додаде Тара.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....