14.8 C
Скопје
12:42 - 18 октомври, 2026

Емина Јаховиќ секое утро го започнува со необичен ритуал со хималајска сол

Пејачката Емина Јаховиќ е особено посветена на духовниот живот. Така, меѓу другото, секое утро го започнува со ритуал кој вклучува користење хималајска сол.

„Ставете малку хималајска сол на дланката, направете мантра, замислете дека лошата енергија излегува од вас и измијте ги рацете. Тоа е тоа. Јас го правам тоа затоа што во текот на денот многу се ракувам со луѓе, а допирот ја пренесува енергијата“, изјави Емина за „Радио С“.

Освен тоа, Јаховиќ претходно зборуваше и за средбата со шаманот Дурак.

„Тоа беше малку застрашувачко искуство, но исклучително инспиративно. Секој од нас во себе има духовен водач кој се прикажува преку карактеристиките на некое животно. Тоа, сепак, не е статично, туку се менува, во зависност од фазата во која се наоѓаме. Станува збор за духовно патување на кое се среќавате со животното што го опишува вашиот карактер“, раскажа пејачката.

„На Јутјуб постојат многу видеа што можат да ви помогнат во тоа, додека јас го направив тоа со мојот духовен учител, кој ме водеше низ ова уникатно искуство. Ми помогна да ја визуализирам атмосферата во која се сретнав со животното што владее со моето битие, односно ја опишува мојата внатрешна сила“, додала Емина.

„Тоа беше волк. Отсекогаш ги сакам животните, но никогаш претходно не сум почувствувала толкава љубов кон некое од нив. Очекував дека ќе бидам врапче, но се покажа дека сум многу посилна отколку што мислев. На шега кажано, кога дознав што претставува волкот, сфатив дека тој опис всушност целосно ми одговара. Ми се допадна тоа што го слушнав“, заклучи пејачката за „Hello“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emina Jahovic (@yaemina)

Слични објави

Кристина Арнаудова и Александар наскоро слават 20 години брак: Заедно отсекогаш и засекогаш

Еспресо

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо

Приказната зад култниот хит „Селма“ на Бијело Дугме крие невозвратена љубов и еден скршен прозорец на железничка станица

Е.А.

(Фото) Како да е принц – Анастасија Ражнатовиќ го покажа гламурот во кој спие нејзиниот син Илијан

Еспресо

Дневен хороскоп за 18 октомври: Овни, одвојте повеќе време за одмор

Еспресо

Ана Николиќ бесна поради лажен плакат на кој е со Наташа Беквалац: „Ова е будалаштина, се гледаме на суд“

Е.А.
Се вчитува....