13:26 - 7 ноември, 2026

„Добив потрес на мозок и четири конци на главата“: Перо Камиказа доживеал незгода додека возел велосипед

Фронтменот на рок-групата „Меморија“, Петар Георгиевски – Перо Камиказа (65), откри дека пред неколку дена доживеал незгода додека возел велосипед на кејот на Вардар, по што завршил во Ургентниот центар со потрес на мозокот и повеќе повреди.

Во објава на социјалните мрежи, Георгиевски раскажа дека несреќата се случила рано наутро, кога, според неговите зборови, трчач ненадејно му излетал на велосипедската патека.

„Возејќи во мојата лента, крајно десно, од другата страна ми истрча трчач без да се сврти и влета во мене. Добив потрес на мозокот, четири конци на главата и неколку нагмеченици. За среќа, немав внатрешно крварење“, напиша тој.

Георгиевски вели дека по падот веднаш пристигнала Итната медицинска помош, по што бил пренесен во Ургентниот центар, каде што му биле направени компјутерска томографија и повеќе прегледи. Тој им се заблагодари на лекарите за брзата реакција и грижата.

Според неговото сведоштво, трчачот кој учествувал во незгодата останал со него сè додека не пристигнала неговата ќерка, постојано извинувајќи се за слученото.

Во објавата Перо Камиказа упати и апел до сите што ги користат патеките покрај Вардар – сопствениците на кучиња да не ги пуштаат милениците на велосипедската патека, тркачите да се движат по нивната лента и да внимаваат при менување правец, а родителите да ги заштитуваат децата додека возат велосипед.

На крајот, со препознатлива доза хумор, тој призна дека можеби последиците ќе биле помали доколку не возел со брзина од околу 35 километри на час.

„Фала му на Бога што ме остави само со опомена. Се гледаме набрзо на кеј, а се разбира и на концертот на 23 октомври во ‘Јане Сандански’“, порача музичарот.

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо
Се вчитува....