-0.2 C
Скопје
07:01 - 11 март, 2026

Емина Јаховиќ ја запроси турскиот милионер, свадба на лето: Кој е Курт Сантеј и колку тежи

Емина Јаховиќ (41) наскоро ќе се мажи за турскиот милионер Курт Данијел Сантеј (55). Минатата недела пејачката ја помина во Србија со многу богатиот финансиски советник и го запозна идниот сопруг со семејството.

Јаховиќ беше десет години во брак со турскиот пејач Мустафа Сандал (53) со кој има два сина – Јаман (15) и Јавуз (9), додека Сантеј со првата сопруга има истотака  два сина.

-Емина и Курт се во врска неколку месеци и се многу заљубени. Тие се среќни што се запознаа! Сантеј планира да го помине животот со Емина, веќе разговарале за венчавката, но се уште не ја закажале. Прашање е само на денови, но мислам дека ќе биде ова лето – вели извор близок до парот, пишува српски Информер.

Јаховиќ долго време криела дека е во љубовна врска.

– Не сакаше никој да знае за Курт и неа, додека не се увери дека се работи за сериозна врска. Тие долго време тајно се гледале во Истанбул. Биле и на одмор на Малдиви, за што Сантеј искеширал 15.000 евра. После тоа патување, Емина решила да им признае на најблиските, мајката, братот, синовите и пријателите дека е вљубена во Курт. Оттогаш почнаа заедно да се појавуваат во јавноста – вели соговорникот за Информер и открива дека пејачката го запознала својот иден сопруг со синовите:

– И двајцата го сакаат Курт! Исто така, неговите синови ја сакаат Емина. Сите заедно беа на ручек, а потоа се видоа уште неколку пати. Јаман и Јавуз се веќе големи и сфаќаат дека мајка им има право на свој живот, па ја поддржуваат нејзината врска, како што го поддржија и бракот на таткото, Мустафа Сандал со Мелис Сутшуруп.

Слични објави

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо

(Фото) Разгледница од семејството Ражнатовиќ од Русија: Вељко позираше со Богданa и нивните три синови

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо
Се вчитува....