18:17 - 1 април, 2026

ЕЛТОН ЏОН СЕ ВРАТИ НА СЦЕНАТА ПО ДВЕ ГОДИНИ ПАУЗА: Фала што ме чекавте 745 дена!

Елтон Џон се враќа на настапи по две години пауза. Неговиот последен настап беше на 6 март 2020 година, а потоа престана да настапува поради пандемијата и операцијата на колкот.

По долго отсуство, навистина многу долго, најдолго во неговата кариера, музичката ѕвезда Елтон Џон најави дека се враќа на сцената за да го продолжи она што го прекина пред речиси две години. Имено, британската поп ѕвезда ја продолжи својата проштална светска турнеја, Farewell Yellow Brick Road, во Њу Орлеанс, во средата на 19 јануари. Ова е прв датум од серијата датуми закажани во Соединетите држави за 2022 година, а следуваат настапите во Чикаго, Њујорк, Мајами и многу други градови.

Присилното запирање на концертите имаше две причини. Пандемијата, која ги блокираше концертите ширум светот, но и операцијата на колкот. 74 годишниот музичар мораше да се подложи на операција поради лошиот пад на крајот од летото кога престојуваше на  француската ривиера.

Од САД турнејата Елтон Џон ќе ја продолжи во евроспките метрополи, но тоа е предвидено за следната, 2023 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elton John (@eltonjohn)

Слични објави

(Видео) Дамјан Стојаноски објави снимка од детството – на две години настапил со татко му Војо во Универзална сала

Еспресо

Огњен Амиџиќ за состојбата на Зорица Брунцлик: „Сакам да помине што побезболно!“

Еспресо

(Фото) Бони Блу призна дека ја лажирала бременоста – Ѕвездата на Онлифанс не престанува да шокира!

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

(Фото+видео) Дарко Лазиќ отиде на Света Гора по смртта на братот, па доби поддршка од најблиските

Еспресо

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.
Се вчитува....