09:01 - 8 ноември, 2026

(Фото) Ела Дворник изненади со голема промена на косата, еве како сега изгледа ќерката на славниот пејач

Познатата инфлуенсерка и ќерка на Дино Дворник, Ела Дворник во последните месеци се впушти во возбудлива, но и сосема поинаква авантура. Имено, таа им дозволи на своите бројни следбеници да донесат некои животни одлуки наместо неа. Заедно со изборот на патување, овие денови беше нејзин ред и да ја промени фризурата.

За време на нејзината инфлуенсерска кариера, Ела често експериментирала со модни стилови и косата. Ниту една боја не ѝ била туѓа, ниту пак должината. Минатата година, таа се одлучила за малку пократка должина, која совршено ѝ стои.

Таа обично ја носи својата кратка кафеава коса со прекрасни руси прамени лежерно со шнола, но сега покажа голема промена. На нејзиниот профил се појави објава во која таа покажа нов изглед: уште пократка фризура и прекрасни потемна боја на коса.

Иако нејзините следбеници гласаа за подолга и посветла фризура, Ела сепак ги зеде работите (или поточно, изборот на фризура) во свои раце. Во коментарот под објавата, таа откри дека оваа потемна нијанса е нејзината природна боја на коса.

Таа ги воодушеви своите следбеници, коментарите се полни со комплименти.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ella Dvornik-Pearce (@elladvornik)

Слични објави

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova
Се вчитува....