8.8 C
Скопје
19:28 - 30 март, 2026

Екс сопругата на ТОМ КРУЗ има нова љубов! Еве со кој музичар е во врска Кејти Холмс

Кејти Холмс има ново момче.

Поранешната сопруга на Том Круз дозволи да се фотографира во друштво на Боби Вутен, па така ја објави нивната врска.

Кејти Холмс ја официјализираше својата романса со нејзиното ново момче: музичарот Боби Вутен. Поранешната сопруга на Том Круз вчера во Њујорк била забележана со згодниот басист (кој соработуваше и со Џенифер Лопез). Новиот пар не се трудел да ја сокрие љубовната приказна пред фотографите кои од далечина го овековечиле новиот славен пар.

И двајцата облечени лежерно, продолжиле да шетаат заедно фатени за рака без да се грижат за фотографите или за озборувањата.

Ова е прва врска за поранешната на Том Круз по завршувањето на врската со италијанскиот готвач Емилио Витоло Џуниор, со кој се прости во мај минатата година. Пред оваа врска, таа живееше долго време заедно со Џејми Фокс.

Но, кое е новото момче на Кејти Холмс?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by bobby wooten iii (@bobbywooten3)

Боби Вутен е професионален басист кој настапувал во различни шоуа на Бродвеј.

И не само тоа, тој свири за најважните ѕвезди како Дејвид Брајн и Џенифер Лопез. Неодамна, тој свиреше и за канадската поп-пејачка Карли Реј Џепсон за време на добро познатиот калифорниски фестивал Коачела. Овде тој ја сподели сцената и со други уметници, како што е Хари Стајлс. Најзначајно, Боби Вутен е познат по свирењето бас во шоуто на Бродвеј на фронтменот на Talking Heads, Дејвид Брн, American Utopia.

И кој знае, веројатно со Вутен, Кејти Холмс конечно најде спокојство. Невозможно е да се заборави нејзината љубовна врска со Том Круз. Тие се запознале во 2005 година, а се венчале нешто повеќе од една година подоцна, во ноември 2006 година. Од нивната љубов се родила нивната ќерка Сури, која сега има 16 години. Разводот меѓу Кејти и Том Круз потоа дојде во 2012 година.

 

Слични објави

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

Месечен хороскоп за април и среќни датуми за секој хороскопски знак

Еспресо

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.
Се вчитува....