9.8 C
Скопје
06:52 - 10 мај, 2026

Што би се случило ако Путин ѝ објави „тотална војна“ на Украина?

Од воена состојба до масовна мобилизација што во случајот со Русија значи ставање во движење на ресурсите на една нација од 150 милиони жители. Кога татнежот на парадата ќе стивне вечерта на 9 мај пред Кремљ, сценариото меѓу Русија и Украина може радикално да се влоши.

Ако Владимир Путин го промени „изразот“ преминувајќи од „специјална операција“ во „тотална војна“, тој ќе постигне два резултати: да го запре незадоволството на моќниот воен апарат, кој досега во Украина не ги постигна очекуваните резултати, и да се добие законодавен инструмент за ангажирање на сите сили на земјата.

Исто така, би било можно повеќе да се вклучат сојузниците, и официјално, речиси сите земји од поранешниот советски блок. Путин накратко бара „одмазда“ за воените неуспеси, со високи офицери на руската армија кои, наводно, го притискаат рускиот претседател да ја објави промената за време на годишната парада на Денот на победата на 9 мај, пренесува италијанскиот дневен весник и портал „ил месаџеро“.

Руски воен извор изјави за Телеграф: „Војската е огорчена од неуспехот“. Претходно оваа недела имаше гласини за силно незадоволство во руската војска, бесна поради тоа што Путин ја намалил инвазијата на Украина. Ситуацијата, сепак, е многу поинаква од онаа на која се надеваше Путин, кој прво се надеваше дека ќе го освои Киев за неколку дена, а потоа да може да го објави крајот на специјалната операција на 9 мај.

10 дена по парадата за победата на Русија во Втората светска војна, Путин нема да може да објави ништо од ова: така премиерот би можел да ја искористи можноста да објави нова војна против оние што ги нарекува „нацистите на светот“ за да ја зацврсти популарноста.

Додека многу земји, вклучително и Велика Британија, го слават Денот на победата – годишнината од победата на сојузниците над нацистичка Германија во Втората светска војна – на 8 мај, Русија го слави на 9 мај поради временската разлика.

СПОРЕД „ДЕЈЛИ МЕИЛ“: Путин мора да се оперира од рак на желудникот, командата ќе ја преземе Патрушев

Слични објави

Тања Бошковиќ призна дека во младоста ги малтретирала колегите: И ден-денес ми е срам за тоа

Т.Ц.

(Видео) Згодната водителка среде пренос доживеа симпатична незгода: „Ова мора да е шега“

Т.Ц.

„Копав компири и кромид“: Нада Топчагиќ откри како го поминала Први мај

apostolova

(Фото) Аница Лазиќ со шокантна објава за љубовта: „На жената ѝ даваш семе, таа ти раѓа дете“

Еспресо

„Љубовта е над човекот – не е само да се вљубиш, туку да станеш љубов“: Каде е денес турската актерка што ја толкуваше Аси, ликот што обележа една телевизиска ера?

Т.Ц.

Интимен момент на Антонио Бандерас и Мелани Грифит: Овој детаљ открива каков е нивниот однос по разводот

Т.Ц.
Се вчитува....