7.8 C
Скопје
20:18 - 30 март, 2026

Една фотка откри интересен дел од минатото на Димитар Атанасовски, во приказната е и сестра му

Една фотка откри интересно нешто за Димитар Атанасовски, позитивен Тв лик, сопруг на Сара Мејс, нашата позната пејачка и харфистка и успешен во маркетинг секторот.

Во април оваа година, по 15 години во „Сити радио“, Димитар Атанасовски се одјави и рече дека му е жал што повеќе нема да ја води емисијата „Кажи да во 2“.

„Скоро цел ден правам пиши бриши на описов, ама многу емоции собрани во 15 години работа, дружба, успеси, падови, прават да ти е тешко да срочиш сè во неколку реченици.

Моето прво работно место (со стаж), место во кое толку многу научив за водителството, за однос, за животот, за она што сум јас денес. Но, секоја приказна има почеток и крај. Па така и оваа. После 15 години ‘Кажи да во 2’ време е за нови предизвици.

Од срце сум благодарен на сите колеги и колешки со кои работевме во цел овој период, на диџеј Боби што остана цело време верно куче со мене во сите предизвици што ги имавме и на целиот менаџмент на Сити радио, на кој му посакувам високи рејтинзи и само успеси.

До некое следно слушање, Димитар се одјавува“, напиша водителот. Тој вчера прослави роденден, а од сите честитки највпечатлива е она од неговата сестра која објави слика од Димитар од натпреварот „Танц со ѕвездите“ каде што тој танцуваше и напиша:

„Среќен роденден на овој латино заводник што му досаѓам од 1991 па натаму… Да си жив и здрав и насјреќен со желба да почнеш бар за роденден да креваш телефон од прва…“, напиша сестрата на Димитар, а тој ѝ одговори: „Фала сестро, имам и јас форки за родендени честитање, без гајле“.

Фото/ Инстаграм

И Сара Мејс со љубовна порака му честиташе роденден на саканиот.

Фото/ Инстаграм

Слични објави

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

Месечен хороскоп за април и среќни датуми за секој хороскопски знак

Еспресо

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо
Се вчитува....