14:26 - 17 февруари, 2026

Две големи трауми ѝ се случија на Калиопи пред важни настапи, од ова најмногу се плашела

Калиопи раскажа за две големи трауми кои ги доживеала, а морала да пее токму во период кога била многу тажна.

Во интервју за „Хајп“ ТВ таа раскажа дека секоја нејзина интерпретација на хитот „Бато“ е различна, и се сети на една тажна случка пред да настапи на „Скопскиот фестивал“.

– Секоја моја интерпретација на „Бато“ е поинаква. Таа интерпретација на „Скопскиот фестивал“ беше поинаква, затоа што ден претходно јас морав да ја успијам мојата шарпланинка Лона, бидејќи беше многу болна и тоа го доживеав многу трауматично.

Но, морав да се соземам, бидејќи тоа беше договорено од порано, и ме очекуваше голема професионална задача. Јас не можам визуелно да го гледам тој настап бидејќи сѐ на моето лице ме потсетува на траумата која ја доживеав ден пред тоа, ама гласот пак, ме служеше како никогаш.

Исто и кога татко ми почина, во Фрушка Гора имав концерт. Истиот ден сабајлето ја дознав веста, вечерта настапив. И кога мислиш дека најмалку гласот ќе те служи, нешто неверојатно се случува – рече Калиопи.  

Фото/ Инстаграм принтскрин

Слични објави

Алка Вуица ќе стане баба: Нејзиниот син Ариан и идната снаа чекаат прво дете

Еспресо

Мина Костиќ и Каспер пишуваат книга: „Тоа ви го должиме по сè што поминавме“

Еспресо

Познатата пејачка за Милица Тодоровиќ: „Би сакала да седне со неговата жена и да се договорат“

Еспресо

(Фото) Едита го покажа трудничкиот стомак и новиот имиџ, а проговори и за разделбата со партнерот

Еспресо

Претепан синот на Снежана Ѓуришиќ: Сосед му ги скршил ребрата!

apostolova

(Видео) Јована Јеремиќ провокативна во златно бикини: Се снимаше во хотелска соба со шампањско во рака

Еспресо
Се вчитува....