13:10 - 7 септември, 2026

Мајката на Нина Бадриќ не сакала да чуе за момчето на ќерка ѝ: „Не те родив за ова“

Нина Бадриќ (53) е една од најпознатите регионални пејачки, а благодарение на својот силен вокал и харизма, со децении си обезбеди место на музичката сцена. Познато е дека е многу блиска со своето семејство, особено со нејзината мајка Мила, која ѝ е најголема поддршка во сите животни подеми и падови. Многу ги цени нејзините совети, а еднаш изјави дека нејзината мајка „ѝ дала знак“ дека не го сака мажот со кој нејзината ќерка е во врска.

„Таа дури и не сакаше да пушти маж во куќата. Рече: „Не те родив за ова“. Донесов маж дома, мајка ми дојде кај мене, сакав да ги запознаам… Го погледна, дури и не се ракуваше со него, само рече: „Здраво, здраво“. Потоа мене ми рече: „Не те родив за ова“ и излезе “, раскажа Нина во поткастот „Skip or Beep“, додавајќи:

„Мене ми беше многу незгодно, а човекот рече: „Па добро, мајка ти е стара“. Сепак, мајка ми знае најдобро. Човек кој е стар има и искуство, а тоа се нашите родители и тие знаат како да проценат некого без грешка. Особено мајка ми, таа е скенер за луѓе. Потоа ја прашувам: „Како знаеше?“ и таа вели: „Луѓето се гледаат во очи кога ќе ги запознаеш.““

 

Слични објави

Необичен но вкусен рецепт: Печени тиквички со леб

Т.Ц.

(Видео) Падна бакнеж меѓу Душко и Карлеуша: Емотивно ѝ се обрати, а таа не ги сокри солзите

Еспресо

Ќерките на Горан Бреговиќ ќе наследат империја од недвижности вредна повеќе од 35 милиони евра

Т.Ц.

5 совети кои треба да ги имате на ум кога купувате домати

Т.Ц.

Оделе во исто училиште, а не знаеле дека се брат и сестра: Марија Шерифовиќ како девојче дознала болна семејна тајна

Т.Ц.

Хороскоп за 7 септември: Мора да бидете практични и реални

Еспресо
Се вчитува....