33.8 C
Скопје
16:52 - 9 септември, 2026

Драмата не се смирува: Кија Коцкар повторно „удри“ по Катарина

Домашните медиуми веќе денови ги полнат насловите за конфликтот меѓу поранешните пријателки Кристина Кија Коцкар и Катарина Живковиќ. Кога некои мислеа дека ситуацијата малку се смирила, победничката на „Задруга 1“ решила повторно да се огласи поради поранешната пријателка.

„Катарина на крај ќе објавува и боите на мојот ѕид во станот, каков ми е лакот за нокти, само за да има што повеќе наслови и никој да не го прочита моето прво обраќање на нејзината лага. А зошто?“ – напишала Кија Коцкар, со линк каде се прикажани пораките од нивната преписка за прекинот на пријателството, што неодамна го објави јавно и за што многу се зборува.

„Удри по моето семејство, нема да молчам!“

Катерина изнесе ново обвинување – тврди дека Кија наводно е во долгогодишна врска со оженет припадник на полицијата

„Дали тоа е благодарност кон твоите некои пријатели, кои се лажни профили и ми навредуваат детето и покојниот татко? И да, уште еднаш да ти поставам прашање – како се вика оженетиот љубовник од полиција?“ – напишала Катаина, но не застана тука.

„Бидејќи истече инстаграм приказната, а одговори сè уште немам добиено, принудена сум да ги објавам на ѕид – можеби така ќе ми одговориш на прашањето како се вика долгогодишниот љубовник, припадник на полицијата, близок на онаа со која се фотографираш, а не ја познаваш и кој, колку што слушнав, бил суспендиран поради близок контакт со лице од криминалниот свет… Ви благодарам на сите за советите да молчам и бидам достоинствена, знам дека сте добронамерни и ми посакувате добро, но мене навистина ми е жал, не можам. За мене достоинство е кога го браниш своето и кога не дозволуваш да се навредува твоето семејство такво какво што е. Јас го избрав своето, тоа е за мене светост. Се трудев сите овие години да ја сочувам приватноста за себе додека таа не реши да проговори, иако сите знаеја, но ја почитуваа мојата желба да не се експонирам, и стојам зад сите мои зборови и одлуки. Иста таа Кристина Коцкар својата куќна слава наместо со своето семејство и пријатели ја прослави со мојот сопруг и со мене, за да сега изнесува најлоши работи за нас, поточно за него, а беше прифатена и почитувана од истиот тој мој сопруг кој сега го навредува. Удри по мене, по моето семејство и по моето дете – опцијата ignore не постои. Ќе поставам уште еднаш прашање – како се вика оженетиот љубовник, суспендиран припадник на полицијата, близок на онаа која не ја познаваш, но со неа закануваш.“

Слични објави

(Фото) Цеца по неколку години повторно влезе во вилата на Кипар: Луксузниот имот го купила на кредит, а сега покажа како изгледа

Еспресо

(Фото) Каролина ќе биде наследничка на Маја Оџаклиевска: познатиот битолски музичар сподели важна приказна

Еспресо

Карлеуша и Тошиќ „солено“ ќе го платат школувањето на Атина во Милано – купуваат и луксузен стан

Еспресо

Лесен е за приготвување и воопшто не е скап – Колач со диња и вишни

Т.Ц.

Драган Којиќ Кеба дозна дека ќе стане дедо, неговата реакција е урнебесна

E.A.

„Сè поретко бевме интимни, дури и ѝ реков ‘Немој да барам нешто од страна““: По разводот му зеде 150.000 евра, локал и стан

E.A.
Се вчитува....