00:25 - 4 ноември, 2026

Јелена Бачиќ Алимпиќ доживеала сообраќајна несреќа, завршила во болница

Водителката и писателка Јелена Бачиќ Алимпиќ доживеала сообраќајна несреќа, по што била пренесена во болница.

Според достапните информации, нејзината состојба е стабилна, а засега нема дополнителни детали за околностите на несреќата.

Јелена требало да ја одржи промоцијата на својата нова книга во еден ресторан, но набргу било соопштено дека настанот се одложува поради несреќата.

На страницата на „Инстаграм“ било објавено:

„Јелена пред малку имаше сообраќајна несреќа и засега ќе мораме да ја одложиме промоцијата на книгата. Таа е во болница и добро е.“

Новиот датум за промоцијата дополнително ќе биде објавен.

Јелена Бачиќ Алимпиќ во една прилика зборувала и за тоа како стресот влијаел врз нејзиното здравје.

Таа открила дека додека работела на телевизија имала циста на левата дојка, која со текот на времето растела.

„Ќе дадам медицински пример од мојот случај. Додека работев на телевизија, имав циста од девет милиметри на левата дојка која растеше и нашата докторка Драгана Богдановиќ Стојановиќ рече: ‘Ќе мораме да ја пунктрираме’. Во ред, ќе мораме, но јас никогаш немав време, секогаш тоа ми беше последно бидејќи не беше ништо алармантно“, раскажала таа гостувајќи на телевизијата „К1“.

Како што објаснила, откако ја напуштила телевизијата, целосно заборавила на цистата. Три месеци подоцна отишла на редовна контрола, а докторката ѝ кажала дека цистата повеќе ја нема.

„Кога работиш под стрес, а потоа ќе се повлечеш, ќе си дадеш душевен одмор и ќе почнеш да си ја лекуваш душата, едноставно и организмот така реагира“, рекла Јелена.

Слични објави

„Омразата не смее да биде нормалност“: Тамара Тодевска реагираше на изјавите на Петар Богојески

К.С.

(Видео) Мишо Ковач испратен во Сплит – повеќе од 30.000 луѓе му оддадоа почит, колегите ги пееја неговите песни

Еспресо

(Фото) Борко Ристовски го прослави 44. роденден, Нина му посвети порака за нивната љубов и семејство

К.С.

(Фото) Голема прослава во домот на Тијана Богичевиќ: Цеца веднаш ѝ испрати честитка

Еспресо

„Жената не е ничија сопственост“: Вики Чадиковска остро реагираше на изјавите на Петар Богојески за машкиот надзор

К.С.

Ханка Палдум се прости од Мишо Ковач: „И покрај сите животни предизвици, остана ист, наша легендо, почивај во мир“

Еспресо
Се вчитува....