16:16 - 24 септември, 2026

(Видео) „Колкав ми е стомакот, повеќе ништо не јадам“: Анѓелка Прпиќ го покажа телото во бикини, па ги насмеа сите

Српската актерка Анѓелка Прпиќ веќе некое време престојува во Црна Гора, од каде што сега се огласи. Таа снимила смешно видео за тоа како повеќето жени се опуштаат на одморот и не водат сметка за исхраната.

Анѓелка прво изразила незадоволство од својата телесна тежина.

„Стомакот ми е толку голем, повеќе ништо не јадам. Риба, салата и тоа е тоа“, рекла актерката, а недолго потоа почнала да набројува што сè ѝ се јаде.

„О, каде е жената со пченката, сакате ли пченка, деца?“, рекла таа, а потоа продолжила:

„Ау, ми падна шеќерот, можеби треба да изедеме некој сладолед. Што, тоа е само мраз и овошје“.

Недолго потоа, ја привлекол мирисот на крофни.

„Го чувствуваш ли мирисот на крофната, дај земам за нас две, три, за подоцна, за децата.

– Секоја жена во лето – напишала таа во описот на видеото.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anđelka Stević Žugić (@andjelkap)


Инаку, Анѓелка неодамна отворно зборуваше за новото поглавје на својот живот и истакна дека е исклучително задоволна со фазата во која во моментот се наоѓа.

– Убаво ми е во мојот живот, во моето секојдневие. Прекрасно е кога ќе сфатиш дека, без оглед на тоа каде си свртел, имаш право да ги вклучиш сите четири трепкачи, да уфрлиш во рикверц, да тргнеш да излегуваш од таа улица… Има возачи кои ќе ти свират затоа што се нервозни, има и такви на кои не им пречи да почекаат, а во суштина, сè е до тебе. Ако ти во „тој автомобил“ седнеш отворен и решен да ја видиш убавата страна на сè, тогаш нема многу да те потресат другите возачи. Кога си напнат, тогаш те вознемирува дури и обичното отсуство на љубезност. Сè почнува од нас – рекла Анѓелка.

.

Слични објави

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Репродуктивно здравје и бременост — што треба да знаете

Еспресо

Синот на Сека Алексиќ полни 10 години – пејачката со години се бореше за потомство

Еспресо

„Знам дека се гордееш со мене“: Македонецот кој победи на „Ѕвездите на Гранд“ се присети на починатата мајка на нејзиниот роденден

Еспресо

Почина култниот Мерџан од филмот „Дом за бесење“

E.A.

„Имав интимни односи со мажи“: Ера Ојданиќ шокираше со признанието од минатото, а сега ужива со 43 години помлада девојка

E.A.

Цела фамилија на сцена: Ана Костадиновска се потсети на среќните денови со „ДНК“

Еспресо
Се вчитува....