21:49 - 9 ноември, 2026

Доктор открива што луѓето чувствуваат во моментот кога умираат: Во првите десет секунди го губиме чувството за себе

Лекарите открија што се случува во последните моменти од животот на една личност.

Феноменот на смртта ги интригира научниците со векови, а што се случува во тој момент тие се уште се обидуваат да откријат. Смртта е неизбежна и токму затоа се трудиме да не размислуваме за неа. Но, дали знаеме што се случува пред човек да умре и дали тој момент може да се препознае?

Дишењето се менува

Човек кој е блиску до смртта ќе дише поинаку и тогаш при дишењето ќе произведе чуден звук, вели д-р Даниел Мурел, од Американскиот универзитет во Алабама. Иако звукот е страшен, лекарите уверуваат дека личноста не чувствува никаква болка.

Во такви случаи, медицинскиот персонал може да му помогне на пациентот и да ја ублажи вознемиреноста на пациентот вртејќи го на страна за да му ги ослободи дишните патишта. Исто така, дишењето може да биде плитко и бавно.

Отчукувањата на срцето се забавуваат

Друг јасен показател дека смртта е близу е послабото чукање на срцето и падот на крвниот притисок, вели медицинскиот специјалист д-р Кетрин Маникс за Science Focus. За време на оваа состојба, луѓето често се чувствуваат вознемирени и непријатно.

Збунетост и повремена загуба на свест

Неврологот д-р Камерон Шо откри што се случува 30 секунди пред некој да умре. Вели дека веќе во првите 10 до 20 секунди го губиме чувството за себе, ја губиме смислата за хумор, способноста за размислување.

„Знаеме дека овој феномен се јавува во моментот кога мозокот повеќе не прима кислород“, нагласи Шо.

Тој додава дека во тој момент човекот навистина почнува да размислува за својот одминат живот и за некои впечатливи спомени, и ќе му се чини дека животот му прелетува пред очи. „Сите вонтелесни искуства не се реалност, туку тие се трик на нашиот мозок“, објаснува Шо.

Други знаци кои укажуваат на смртта која е многу блиску, се: често прозевање за да се добие повеќе кислород, губење на свеста и враќање на свеста, инконтиненција, промена на мирисот на телото, вознемиреност, темни модринки, лупење на кожата.

Зошто некои луѓе умираат во сон? Лекарите даваат детално објаснување што се случува и зошто

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....