08:56 - 26 ноември, 2026

Додека Метју Пери беше длабоко во алкохолот, неговиот колега од „Пријатели“ минуваше низ пекол: „Тој е мојот помал брат“

Актерот Мет Лебланк (56), најпознат по улогата на Џои од серијата „Пријатели“, е виден како вози низ Лос Анџелес откако светските медиуми ја објавија смртта на неговиот колега Метју Пери. Тој беше депресивен, а претходно оваа година Метју го нарече Мет „помал брат“. Лебланк во серијата глумеше неодговорен цимер за кој се грижеше Пери, односно Чендлер, но во реалноста ситуацијата беше поинаква.

Метју Пери имал проблеми со зависноста од алкохол и дрога, секогаш фантазирал за голема слава, додека Лебланк бил поприземен. Се школувал за столар, сакал мотоцикли, а по напуштањето на факултетот заминал во Њујорк и се испробал во манекенството. Снимаше реклами за бројни брендови, но поради висината не се појави на модните писти.

Пред да добие улога во серијата Пријатели, тој имал само 11 долари во џебот. Една година пред да заврши серијата, во 2003 година, Мет се ожени со американската актерка Мелиса Мекнајт (58). Тие ја добија ќерката Марина Перл (19), а осум месеци подоцна ѝ беше дијагностицирано нарушување на мозокот. Тие сфатиле дека нешто не е во ред со девојчето, бидејќи секогаш паѓала на левата страна штом ќе се обидела да лази. Мет се повлече од светот на глумата и се посвети на одгледувањето дете.

Откако докторите ѝ поставиле дијагноза, ги предупредиле родителите дека болеста може да ги зафати дури и нејзините гласни жици и дека нема да може да зборува.

Мет и Мелиса

Мет Лебланк се разведе од Мелиса во 2006 година, а до 2011 година целосно се огради од медиумите.

„Не знам дали тоа беше болеста на ќерка ми или фактот дека бев премногу фокусиран на работата, но почувствував дека сум прегорен и ми треба време да се дистанцирам. Му се јавив на агентот и му реков да го заборави мојот телефонски број, неколку години целосно се откажав, за среќа, успеав. Тоа беа моментите кога се чувствував дека ќе доживеам нервен слом. Не морав да правам ништо некое време“, изјави во една прилика актерот.

Со ќерката се пресели на ранч во Калифорнија.

Мет со ќерката Марина

„На ќерка ми и беше дијагностициран проблем со мозокот. Беше многу мрачен период, но успеавме да го надминеме. Зарем не велат она што не те убива те прави посилен? Се сеќавам кога се роди. Од моментот кога ја видов, се заљубив и никогаш досега не сум се чувствувал така. Не можев да поверувам. Во тој момент знаев дека ништо нема да ме спречи да ја сакам“, објасни тој.

Во меѓувреме, Марина ја победи болеста и често се појавува на црвениот тепих со нејзиниот славен татко.

Слични објави

Дневен хороскоп за 26 ноември: Не преземајте туѓи задачи ако веќе имате свои одговорности

apostolova

Денеска се празнува Свети Јован Златоуст — што е убаво да направите во чест на големиот светител?

К.С.

(Фото) Порториканката Џенифер Барето е новата Мис Универзум, а еве на кое место заврши мис Србија 

Еспресо

(Видео) Четири и пол часа во воз без греење: Зарина Првасева со апел за достоинствен железнички превоз

Еспресо

Неда Украден ја откри точната сума на нејзината пензија: „Не носам пари на Кајманските Острови“

Еспресо

(Фото) Вељко и Богдана Ражнатовиќ ја прославија годишнината – ја одведе на свечена вечера со блиските пријатели

Еспресо
Се вчитува....