09:04 - 26 ноември, 2026

Се огласија организаторите по трагичниот настан на концертот на Калиопи во Белград

Поради несреќни околности, кога синоќа на концертот на Калиопи Букле почина жена, нејзиниот настап е откажан.

По тој повод се огласија од организаторите од салата МТС, каде што се организираше овој настан.

– Поради непредвидени околности, концертот на Калиопи закажан за вечерва се одложува, а новиот датум на концертот ќе биде објавен подоцна. Сите купени влезници за вечерашниот концерт ќе важат и за новиот термин. За подетални информации во блиска иднина ќе биде објавено соопштение за медиумите кое ќе биде достапно на веб-страницата на салата МТС, како и на социјалните мрежи на Салата. Ви благодариме на разбирањето – пишува во соопштението.

Починатата жена пристигнала на концертот заедно со пријателките и ќерката, изгубила свест и колабирала, а потоа веднаш била повикана Брза помош. Откако пристигнала Брзата помош, на жената, која имала околу 70 години, ѝ била извршена реанимација, но безуспешно.

Калиопи по овој настан била многу потресена, а наводно дала изјава во полиција.

Калиопи се огласи и на својата инстаграм-страница.

„Ова е најтажен ден во мојата кариера. Денеска, наместо да го славиме животот на мојот концерт, изгубивме живот. Во свое име и во име на целиот мој тим изразуваме најдлабоко сочувство на семејството на починатата личност. Ова е моја прва и единствена изјава за вечерниот немил и многу тажен настан за сите нас… Се надевам дека мојата публика ќе има разбирање за одложувањето на концертот. Новиот термин наскоро ќе биде објавен“, напиша пејачката.

Слични објави

Совршен десерт за студените денови — рецепт за сочен колач со цимет и овесно брашно

К.С.

Дневен хороскоп за 26 ноември: Не преземајте туѓи задачи ако веќе имате свои одговорности

apostolova

Денеска се празнува Свети Јован Златоуст — што е убаво да направите во чест на големиот светител?

К.С.

(Фото) Порториканката Џенифер Барето е новата Мис Универзум, а еве на кое место заврши мис Србија 

Еспресо

(Видео) Четири и пол часа во воз без греење: Зарина Првасева со апел за достоинствен железнички превоз

Еспресо

Неда Украден ја откри точната сума на нејзината пензија: „Не носам пари на Кајманските Острови“

Еспресо
Се вчитува....