9.8 C
Скопје
12:13 - 18 февруари, 2026

ДОБИВМЕ ВТОРА ШАНСА И СЕГА СМЕ ПОМУДРИ: Џеј Ло искрено зборува за врската со Бен Афлек

џенифер лопез бен афлек

Џенифер Лопез зборуваше со списанието „People“ за љубовната врска со Бен Афлек, според неа „никогаш не било подобро“, а парот ужива во втората шанса.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Дел од нејзината среќа го припишува на повторното спојување со Бен Афлек. Тие двајца претходно беа свршеници во 2002 година пред да се разделат во 2004 година. И двајцата продолжија со живот и се венчаат со други, имаа и деца, пред да останат сами и повторно да се спојат минатата година.

„Се чувствувам многу среќна и горда што сум со него. Убава љубовна приказна е што добивме втора шанса“.

Instagram
фото: Архива

Со годините доаѓа мудроста и Лопез рече дека парот овојпат е позаштитнички настроен на нивната врска отколку во времето кога сè што правеле биле дел од таблоидите.

БЕН АФЛЕК ПРВПАТ ПРОЗБОРЕ ЗА ВТОРАТА ШАНСА СО ЏЕЈ ЛО: Можам да кажам дека ми е убаво

„И двајцата рековме „Многу сме среќни и не сакаме ништо од тоа повторно да влезе во игра“, рече таа. „Сега сме постари, попаметни, имаме повеќе искуство, сме на различни места во нашите животи, имаме деца и мораме да бидеме многу свесни за тие работи. Заштитнички сте настроени затоа што е толку убав период за сите нас“.

Лопез рече дека може да ги научи своите деца дека „вистинската љубов постои“ и „Некои работи можат да бидат вечни, но тоа не значи дека тие имаат само права линија“.

Звучи како да мисли дека Афлек е тоа засекогаш.

„Кога ја гледам личноста, човечкото суштество, човекот што е денес, таткото што е денес, партнерот што е – тој е сè што отсекогаш знаев дека е и сакав да биде“, рече таа.

ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ ПРОГОВОРИ ЗА ИНТЕРВЈУТО КОЕ ГО „ОЦРНИ“ АФЛЕК: Оваа приказна е лага!

Слични објави

(Фото+видео) Проѕирно и горе и долу: Рада Манојловиќ носела проѕирен фустан, а само гаќи под него

Еспресо

Познатиот српски јутјубер доживеал страшна сообраќајна несреќа, автомобилот му е целосно уништен

Еспресо

Поранешната девојка на Саша Ковачевиќ си ја отвори душата: „Молчев со години, доживеав сериозни трауми“

Еспресо

(Фото) Прослава во домот на Венди! Ќерката ѝ дипломираше, пејачката „пука“ од гордост

Еспресо

Хороскоп за 18 февруари: Раковите ќе имаат продуктивен ден, Водолиите ќе бидат отворени за промени

Еспресо

(Фото) Сања Маринковиќ знае како да ужива: Водителката позираше во костим за капење на одморот во Катар

Еспресо
Се вчитува....