-1.2 C
Скопје
09:45 - 23 декември, 2024

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 28 СЕПТЕМВРИ: На дното на вашето срце, сѐ уште чувате силни впечатоци од минатото

хороскоп

Овен

На дното на вашето срце, сѐ уште чувате силни впечатоци од минатото, па сеќавањето на неуспешната голема љубов ја вознемирува вашата нова врска. Проверете ги документите, условите за патување како и средствата што ви се потребни. Превидот може да ви го комплицира денот.

Бик

Некој ви дава индикации дека би сакал да ве запознае малку подобро, но вие не се давате така лесно. Таа личност ќе ја ставите на слатки маки. На деловно поле, мислите дека со игнорирање ќе го избегнете проблемот, а вистината е дека со прикривањето ја влошувате веќе напнатата ситуација.

Близнаци

Во врска со љубовта, ќе мора да се согласите на нешто што не ви се допаѓа во моментот. Интересни настани и сплет на добри околности, па затоа ќе биде многу полесно да извршите некои здодевни обврски. Интелектуално сте повеќе од силни, па искористете го ова време за да решите некој проблем што ве мачи подолго време.

Рак

На другите им се допаѓа вашиот начин на размислување и идеите што ги презентирате. Не двоумете се да разговарате отворено со некој што го сметате за авторитет во вашата деловна област. Ќе наидете на добар прием и разбирање. Ќе бидете загрижени, но добро размислете дали воопшто има причина за тоа.

Лав

Решавањето на еден проблем го одложувате со денови, a проблемот ви стои над глава и не ви дава мирен сон. Ќе се изненадите затоа што вашиот соговорник ви годи многу повеќе отколку што очекувавте. Разговорот може да се одолговлекува, па дури и да биде проткаен со заедничко излегување на вечера.

Девица

Доколку имате проблематични односи во работната средина, овој ден ви носи вистинско откровение. Денес тешко дека ќе можете да избегнете некој што е упорен да зборува со вас. Поради проблемите на работното место имате намалена самодоверба, а тоа се одразува и на вашата емоционална сфера.

Вага

Од денес влегувате во период кога мора да обрнете повеќе внимание на тоа како се однесувате кон другите. Ако денес се однесувате премногу амбициозно и препотентно, ќе наидете на голем отпор од околината или забелешка од вашиот претпоставен.

Скорпија

Невнимателната изјава може да предизвика жесток конфликт, иако верувате дека сте добронамерни. Можен е повик од близок пријател, што ќе ги замрачи вашите љубовни моменти или ќе ве оддалечи од партнерот. Пред вас се нови можности, но за да се впуштите во нив, треба прво да решите една заостаната работа.

Стрелец

Има повеќе работи што вие треба да ги завршите, но за среќа, полни сте со желба и енергија тоа да го постигнете. Функционирате под притисок и може лесно да дојде до проблеми. Многу работи ве оптоваруваат. Доколку сте слободни, денот ќе ви донесе можност да запознаете личност која ќе сака сериозна врска.

Јарец

Ако мислевте дека вчерашниот ден беше напорен за вас, тогаш добро подгответе се и за овој ден. Продолжување на приказната од вчера – конфликти со соработниците, истерување на волјата и на едните и на другите, обвинувања… Очигледно, ниту вие, ниту другата страна не сакате да попуштите.

Водолија

При средбата со некој кој ви е симпатичен, ќе бидете разговорливи, духовити, интересни. Ќе доаѓате до некои заклучоци и ќе се насочите кон одржување на она што ви е важно. Ситни проблеми во семејството. Всушност, најголемиот проблем е во тоа што вие сте склони кон кукање и критикување на сѐ и сешто.

Риби

На работа, свесни сте дека одредени луѓе кои ве опкружуваат се „ситни души“ и нема да дозволите да ви го расипат расположението. А, денес сте посебно расположени, и тоа поради фактот дека саканата личност во последно време целосно е свртена кон вас и се труди да ви ги исполни сите желби.

Слични објави

(Фото) Ништо од венчавката вредна 600 милиони долари! Џеф Безос ја демантираше свадбата во Аспен, сè е лага! 

Еспресо

Хороскоп за 23 декември: Вагите ќе имаат љубовни проблеми, Скорпиите ќе бидат под тежок стрес

Еспресо

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо
Се вчитува....