12.8 C
Скопје
17:23 - 28 октомври, 2026

Диор бара отштета од Валентино од 100 илјади евра: „Ревијата на Шпанските скали ни го спречи шопингот“

Луксузната модна куќа Диор бара отштета од 100 илјади евра за пропуштените купувања во луксузната продавница за време на настанот  организиран од конкурентната модна куќа Валентино на Пјаца ди Спања.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Valentino (@maisonvalentino)

„Невозможно е да се влезе во бутик“. На Диор не му се допадна ревијата на Валентино на Шпанските скали во Рим. Настанот го спречил сообраќајот на пешаците пред неговата продавница, која е на неколку десетици метри од Фонтана дела Баркача.

Поради оваа причина, според магазинот WWD, објавено од Диет Прада, брендот побарал од модната куќа Валентино отштета од 100 илјади евра. Според Диор, Валентино добил дозвола за ревијата гарантирајќи  „редовен пешачки сообраќај до продавниците“, околност што во голема мера била игнорирана.

Надоместокот мора да биде исплатен во рок од 15 дена во спротивно Диор ќе преземе правни мерки.

Пред познатите Шпански скали има излози на најразлични брендови, „од чевли Кампер  до Шанел, но очигледно Диор прв се пожалил“, коментираат експерти во секторот.

Инстаграм списанието Диет Прада прави и малку математика.

„Во 2018 година, Диор СА беше на листата на Форбс како најголема модна групација во светот и во 2021 година имаше обрт од 64 милијарди евра, наспроти околу 1,2 милијарди евра за Валентино. Се вели дека „кутур“ облеката на Диор чини околу 100.000 долари па нагоре, па финансиската одмазда изгледа ситна… да не зборуваме за трошоците за лошиот маркетинг. Леле, каква смеа“, саркастично се заклучува на Инстаграм профилот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Diet Prada ™ (@diet_prada)

Слични објави

(Фото) Ги покажа своите извајани мускули – Раста се соблече по неверојатната трансформација

Еспресо

(Фото) „Моето омилено место“: Мина покажа како Огњен Амиџиќ ужива со децата

Еспресо

(Фото) „Турскиот Бред Пит“ го прослави 43. роденден: Сопругата му упати љубовна честитка

Еспресо

Постојано ви е студено, дури и кога на другите им е топло? Ова се можните причини

К.С.

„Знам дека е оженет, но што сега“: Наташа Беквалац изненади со изјавата за својот колега

Еспресо

Личната готвачка на Новак Ѓоковиќ ги откри тајните на неговата исхрана

Е.А.
Се вчитува....