14.8 C
Скопје
18:54 - 3 мај, 2024

ДИЈА леб – нов производ на Жито Лукс поддржан од Сојузот на Здруженија на дијабетичари

Дија леб е новиот производ што Жито Лукс го понуди на пазарот. Станува збор за 100% интегрален пченично-ржан леб што содржи недигестибилни јаглехидрати. Дија лебот помага за одржување нормално ниво на гликоза во крвта и како таков е погоден за лица со дијабетес, поради што е и поддржан од Сојузот на Здруженија на Дијабетичари на РСМ.

Во изминатите денови, по повод лансирањето на Дија лебот, а со цел подигнување на свеста за дијабетесот како едно од најчестите хронични заболувања на денешницата, имаше и акција иницирана од компанијата Жито Лукс, каде син круг се појави на улиците низ Скопје што всушност е симбол на дијабетичарите.

„Жито Лукс постојано настојува да понуди на пазарот производи согласно барањата на потрошувачите. Со оглед на големиот број лица во земјата кои се соочуваат со дијабетес, сосема беше логично да им понудиме на овие потрошувачи ваков тип на леб. Истиот е одличен и за оние кои едноставно се во потрага по здрави лебови со збогатена нутритивна вредност“, велат од Жито Лукс.

Новиот леб, според својот нутритивен состав влегува во категорија на збогатена храна, а има и одобрено здравствено тврдење. Ваквата храна, кога се воведува во секојдневната исхрана, значително влијание врз благосостојбата на организмот, доведува до баланс и севкупно влијае на подобрување на квалитетот на животот.

„Во Северна Македонија, 170.000 луѓе страдаат од дијабетес, а околу 48.000 имаат дијабетес тип 1 и користат инсулинска терапија. Важно е да се знае дека еден од тројца луѓе имаат пред-дијабетна состојба, а немаат сознание за состојбата. Додека пак, 800 деца и млади лица до 18 годишна возраст имаат дијабет тип 1 и користат инсулинска терапија. Со оглед дека дијабетичарите постојано треба да водат грижа за одржување на нивото на шеќер во крвта, што значи и посебен режим на исхрана, искрено го поздравуваме појавувањето на Дија лебот на Жито Лукс на пазарот“, изјави Димче Велев, претседател на Сојузот на Здруженија на Дијабетичари.

Комерцијален текст

Слични објави

Велики петок: Што (не)треба да се прави на овој ден

еспресо

Велики четврток: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо

Кога да ги миете прозорците пред Велигден: Не пропуштајте го овој ден

еспресо

Велика среда: Што (не)треба да се прави на овој ден

еспресо

Велики вторник: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо

Велигденско јајце-чувар на домот: Што да направиме со стариот чувар на куќата кога вапсаме ново „прво јајце“

еспресо
Се вчитува....