12:19 - 5 декември, 2025

Дино Мерлин отворено за болеста со која едвај се изборил: „Бев како билка“

Пејачот Дино Мерлин во интервју за ХРТ зборуваше за периодот кога сакал да ја напушти музиката поради болеста со која се борел.

„Ќе го кажам ова за прв пат. Во еден период од мојот живот бев тешко болен. Имав тешка депресија, никому не би му го посакувал тоа. Не бев за ништо. Апсолутно не ме интересираше ништо. Животот и смртта ми беа исто. Бев билка. Тоа беше периодот кога сакав да ја напуштам и музиката.И сешто ми паѓаше на ум тогаш. Но по некое чудо се извлеков. Меѓу другото, после тоа е создаден албумот „Средином“, на кој сум многу горд“, изјави Мерлин своевремено во емисијата „У свом филму“.

Дино неодамна даде големо интервју за Курир, каде меѓу другото зборуваше и за петицијата потпишана од многумина за забрана за одржување концерти во Белград и дополнително за забрана за влез во Србија. За тоа што мисли дека петицијата ја потпишале значителен број луѓе, Дино Мерлин вели:

– Мал или незначителен број се изманипулирани – сеедно, тие се сепак изманипулирани луѓе. Можете да возите Формула 1 и 300 км на час, но ако возите во погрешна насока, не сте на вистинскиот пат. Кога некои крајно злонамерни манипулатори поставуваат нешто вакво малициозно за изјаснување, тогаш обичниот човек кој само ги чита насловите реагира како што реагира; не проверува, само кликнува, затоа што не треба многу труд за да се кликне. Искрено кажано, жалам за луѓето кои се изјаснуваат врз основа на вакви ноторни невистини. Но, убеден сум дека огромното мнозинство со гадење ги отфрла овие и слични петиции и иницијативи кои нанесуваат непоправлива штета на општеството во целина и на сите нас. Секако, мило ми е што во меѓувреме е отстранета петицијата, што и очекував да се случи, и тоа е единственото што е праведно. Затоа што, како што вели старата мудрост: „Некои луѓе можете да ги лажете цело време, и да ги лажете сите луѓе некое време, но не можете да ги лажете сите луѓе цело време“.

Инаку, Дино Мерлин до сега распродаде три концерти во Штарк арената во Белград, за 18, 19 и 21 ноември, а во тек е продажбата за четврти концерт за 22 ноември.

 

Слични објави

(Фото) Згодни жени околу него: Вака Владо Јаневски прослави роденден

Еспресо

Сака повозрасни партнери: Еве колку години е постар новиот дечко на Јована Јеремиќ!

Еспресо

(Видео) Односот со поранешната жена не ми е добар, а ќерка ми живее со мене: Коки ја отвори душата

msp-admin

(Фото) Познатите ги китат луксузните домови: Кавги околу изборот на елка пред 2026!

Еспресо

(Видео) Ќерка ѝ на Ели Танасковска се врати од Канада, водителката ја раскажа вистината

Еспресо

Обожавателка среде концерт ме замоли да го откријам полот на нејзиното бебе: Ацо Пејовиќ во Скопје раскажа интересна анегдота

Еспресо
Се вчитува....