08:30 - 7 април, 2026

ЏОРЏ КЛУНИ: Не сакам да се вклучам во политика, сакам да имам убав живот

џорџ клуни

Во интервју за емисијата „Andrew Marr Show“ на Би-Би-Си, американскиот актер Џорџ Клуни зборуваше за американскиот претседател Џо Бајден, за неговиот претходник Доналд Трамп и преостанатите планови и амбиции во кариерата. Актерот, ја отфрли можноста да влезе во политиката.

џорџ клуни
Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

На прашањето дали некогаш би се вклучил во светот на политиката, Џорџ рече: „Не, бидејќи всушност би сакал да имам убав живот. Оваа година наполнив 60 години и разговарав со својата сопруга и ние работевме многу, како што сè уште работиме, и реков дека треба да размислуваме веќе за мирни години“.

џорџ клуни
Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал / Фото: EPA-EFE/VICKIE FLORES

„Ако сме здрави, како што сме сега… Имам 60 години и сè уште можам да играм кошарка и да ги правам работите што ги сакам. Но, за 20 години ќе наполнам 80 години и тоа е значајна бројка. Без разлика колку вежбате, што јадете, имате 80 години и затоа реков дека треба да се погрижиме да уживаме и да ги проживееме овие години на најдобар можен начин“.

џорџ клуни
Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал / Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Клуни вели дека ќе се обиде да го намали обемот на работа.

„Наместо три работи годишно, ќе работам една“, рече тој.

Слични објави

Хороскоп за 7 април: Раковите носат важна одлука од срце, Водолиите прават чекор кон слобода

Еспресо

Дара Бубамара за хејтерите: „Не смеат да ти кажат во лице, па зборуваат зад грб“

Еспресо

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.
Се вчитува....